Папата Франциско се плаши дека мигрантите ќе страдаат по Г-20 Самитот
Објавено во: Свет 08 Јули, 2017
Римокатоличкиот поглавар е загрижен дека од склучените опасни сојузи на Г-20 Самитот кој се одржува во Хамбург со најмоќните држави во светот најмногу ќе страдаат мигрантите врз кои ќе има штетни последици.
– Загрижен сум поради многу опасните сојузи меѓу силите кои имаат лоша верзија за светот: САД и Русија, Кина и Северна Кореја, рускиот претседател Владимир Путин и сирискиот лидер Башар ал Асад поради војната во Сирија, истакна папата во интервју за италијанскиот весник „Република“.
Тој нагласи дека миграцијата е голем проблем денес, а самитот на Г-20 го загрижува бидејќи најмногу ги погодува мигрантите.
– Опасноста се однесува на миграцијата. Наш главен и за жал се поголем проблем во светот денес се сиромашните, слабите и игнорираните, меѓу кои се и мигрантите. Затоа ме загрижува Г-20. Најмногу ги погодува мигрантите, додаде папата Франциско, укажувајќи на земјите кои „се плашат од мигрантска инвазија“.