16 Мај, 2024
0.0309

Гасот во Карпош ќе потече следната грејна сезона!

Објавено во: Македонија 02 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Од следната грејна сезона гасот ќе стане реалност за дел од жителите на Карпош. Целосна гасификација се очекува во следните две до три години. Гасот ќе се дистрибуира преку јавното претпријатие ГАМА,  а во меѓувреме општината треба да ја изгради секундарната мрежа. Најлесни за приклучок ќе бидат големите корисници и индивидуалните објекти. Колективните згради остануваат проблематични, затоа што освен согласност од сите станари неопходна ќе биде заедничка инвестиција во котелот на гас Соња Јованова Наумовска Жителите на скопската општина Карпош ќе имаат можност да се греат на гас од следната грејна сезона. Јавното претпријатие Каргас, формирано за таа цел, веќе добило понуда од неколку големи корисници за приклучување на мрежата и замена на досегашниот, скап систем на греење. Очекувањата се дека со гасот, карпошани ќе добиваат и до 30% помали сметки за греење и еколошки поквалитетни параметри на енергенсот. „Веќе имаме разговори со големи корисници, како што е комлексот технички факултети во Карпош кои и официјално побараа приклучок, а таквите потрошувачи ни се многу важни, затоа што каде ќе бидат големите потрошувачи, тие линии ќе бидат и за граѓаните достапни. Во втора фаза ќе се приклучат и колективните згради. Целосно покривање на територијата на Карпош очекуваме за 2-3 години“, вели Љупчо Димов, раководител на секторот за енергетика на општина Карпош. Моделот на гасификација во Карпош се разликува од оној во Струмица и моделот што го користи Куманово. Димов објаснува дека дистрибуцијата на гасот ќе ја врши јавното претпријатие ГАМА, а снабдувачите ќе бидат фирми кои ќе се бираат на тендер. Постапката предвидува три мерни станици за гас кои се врзани на прстенот на ГАМА, од кои едната поминува лево од булеварот Теодосиј Гологанов, населбите Козле и Нерези, втората линија ќе биде во Тафталиџе 1, кај училиштето Јан Амос Коменски и третата мерна станица ќе биде од Карпош 1 до Карпош 4. Постои и четврта линија кај Момин Поток, Злокуќани и Бардовци но таа се уште не е подготвена од страна на ГАМА. „Ние спроведовме анкета на 22.000 корисници или на 99% од сите субјекти во општината и 80% имавме позитивно изјаснување за воведување на гас. Таа анкета ја пренесуваме на наши карти и ја гледаме концентрацијата на интерес и таму каде што има најголем интерес таму ќе почнеме“, додава Димов. Најлесни за приклучок сепак ќе бидат големите корисници и индивидуалните објекти. Колективните згради остануваат проблематични, затоа што освен согласност од повеќето станари, ќе мора заеднички да инвестираат во котелот на гас а некои ќе треба да инвестираат и во инфраструктура, ако досега не се грееле на парно. Во општина Карпош се надеваат дека кога ќе ја изградат секундарната мрежа, ќе можат да влезат во јавно- приватно партнерство со приватни компании со што инвестицијата во гасификацијата на Карпош би била значително исплатлива.

Можеби ќе ве интересира

„Отстапување од Договорот, сигурно ќе има сериозни последици во нашите односи“: Мицотакис повторно се огласи

„Отстапување од Договорот, сигурно ќе има сериозни последици во нашите односи“: Мицотакис повторно се огласи

ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: „Не постои ни северна, ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција“- грчкиот пратеник Велопулос гневен на тоа како се учи историјата во земјава

ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: „Не постои ни северна, ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција“- грчкиот пратеник Велопулос гневен на тоа како се учи историјата во земјава

ТУКА СУМ, НЕ ОДАМ НИКАДЕ, ЦВРСТО СТОЈАМ НА ПАТОТ НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈАТА! Битиќи замоли да не се шпекулира дека заминува во ВРЕДИ

ТУКА СУМ, НЕ ОДАМ НИКАДЕ, ЦВРСТО СТОЈАМ НА ПАТОТ НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈАТА! Битиќи замоли да не се шпекулира дека заминува во ВРЕДИ

ЖИВОТ ЗНАЧИ, АМА ЈА РАСФРЛАМЕ КАКО ЃУБРЕ – во дел од регионите во земјата загубите на вода надминуваат 70 отсто

ЖИВОТ ЗНАЧИ, АМА ЈА РАСФРЛАМЕ КАКО ЃУБРЕ – во дел од регионите во земјата загубите на вода надминуваат 70 отсто

ПАРТИЈАТА НА АПАСИЕВ БАРА ДОНАЦИИ ЗА КАМПАЊАТА: „Ние не сме купени од олигархијата“

ПАРТИЈАТА НА АПАСИЕВ БАРА ДОНАЦИИ ЗА КАМПАЊАТА: „Ние не сме купени од олигархијата“

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ДОНЕСЕН ПАЛЧО ВО ШУТКА: Со четири возила и под силно обезбедување

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ДОНЕСЕН ПАЛЧО ВО ШУТКА: Со четири возила и под силно обезбедување

„КРАЈ СЕКОЈА ДУПКА ВО ПЕКОЛОТ ИМА СТРАЖА, САМО КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМА, ТИЕ САМИ ГО ВЛЕЧАТ НАЗАД ТОЈ ШТО ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ИЗЛЕЗЕ“: Најчевска вели сите ги знаат нејзините принципи но на изборите добила само 1.200 гласа

„НИКО ИМА КАДЕ ДА ОДИ, НО ЧУКНЕТЕ ГЛАВАТА ДЕКА ВО ЦЕЛА МК ИМА САМО 12 КЛИНИЧКИ ТОКСИКОЛОЗИ“: Во одбрана на Беќаровски застана и адвокатот Јанаки

„НИКО ИМА КАДЕ ДА ОДИ, НО ЧУКНЕТЕ ГЛАВАТА ДЕКА ВО ЦЕЛА МК ИМА САМО 12 КЛИНИЧКИ ТОКСИКОЛОЗИ“: Во одбрана на Беќаровски застана и адвокатот Јанаки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија