28 Април, 2024
0.0517

Гасот во Карпош ќе потече следната грејна сезона!

Објавено во: Македонија 02 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Од следната грејна сезона гасот ќе стане реалност за дел од жителите на Карпош. Целосна гасификација се очекува во следните две до три години. Гасот ќе се дистрибуира преку јавното претпријатие ГАМА,  а во меѓувреме општината треба да ја изгради секундарната мрежа. Најлесни за приклучок ќе бидат големите корисници и индивидуалните објекти. Колективните згради остануваат проблематични, затоа што освен согласност од сите станари неопходна ќе биде заедничка инвестиција во котелот на гас Соња Јованова Наумовска Жителите на скопската општина Карпош ќе имаат можност да се греат на гас од следната грејна сезона. Јавното претпријатие Каргас, формирано за таа цел, веќе добило понуда од неколку големи корисници за приклучување на мрежата и замена на досегашниот, скап систем на греење. Очекувањата се дека со гасот, карпошани ќе добиваат и до 30% помали сметки за греење и еколошки поквалитетни параметри на енергенсот. „Веќе имаме разговори со големи корисници, како што е комлексот технички факултети во Карпош кои и официјално побараа приклучок, а таквите потрошувачи ни се многу важни, затоа што каде ќе бидат големите потрошувачи, тие линии ќе бидат и за граѓаните достапни. Во втора фаза ќе се приклучат и колективните згради. Целосно покривање на територијата на Карпош очекуваме за 2-3 години“, вели Љупчо Димов, раководител на секторот за енергетика на општина Карпош. Моделот на гасификација во Карпош се разликува од оној во Струмица и моделот што го користи Куманово. Димов објаснува дека дистрибуцијата на гасот ќе ја врши јавното претпријатие ГАМА, а снабдувачите ќе бидат фирми кои ќе се бираат на тендер. Постапката предвидува три мерни станици за гас кои се врзани на прстенот на ГАМА, од кои едната поминува лево од булеварот Теодосиј Гологанов, населбите Козле и Нерези, втората линија ќе биде во Тафталиџе 1, кај училиштето Јан Амос Коменски и третата мерна станица ќе биде од Карпош 1 до Карпош 4. Постои и четврта линија кај Момин Поток, Злокуќани и Бардовци но таа се уште не е подготвена од страна на ГАМА. „Ние спроведовме анкета на 22.000 корисници или на 99% од сите субјекти во општината и 80% имавме позитивно изјаснување за воведување на гас. Таа анкета ја пренесуваме на наши карти и ја гледаме концентрацијата на интерес и таму каде што има најголем интерес таму ќе почнеме“, додава Димов. Најлесни за приклучок сепак ќе бидат големите корисници и индивидуалните објекти. Колективните згради остануваат проблематични, затоа што освен согласност од повеќето станари, ќе мора заеднички да инвестираат во котелот на гас а некои ќе треба да инвестираат и во инфраструктура, ако досега не се грееле на парно. Во општина Карпош се надеваат дека кога ќе ја изградат секундарната мрежа, ќе можат да влезат во јавно- приватно партнерство со приватни компании со што инвестицијата во гасификацијата на Карпош би била значително исплатлива.

Можеби ќе ве интересира

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба