Добивај вести на Viber
Поранешниот член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина (КПК), Бо Cилај, чие што исклучување од партијата минатата година ја шокираше јавноста, е обвинет за корупција и злоупотреба на положбата, јави агенцијата Cинхуа.
Во обвинението се наведува дека Бо, како член на партијата, ја злоупотребил положбата, со цел да оствари профит, и примил значајна сума на пари и недвижнини, и злоупотребил државни пари.
Укинат му е пратеничкиот имунитет и е исфрлен од редовите на парламентот.
Неговата сопруга, Гу Каилаи, условно беше осудена на смрт, што е еднакво на доживотна робија, во август 2011 година, за убиство на британскиот бизнисмен, Нил Хејвуд.