06 Април, 2020
0.0315

ПОРТОКАЛОВ СТАТУС: На Европа и се заканува нова вулканска ерупција од Исланд

Објавено во: Свет 19 Август, 2014

Постојат зголемени шанси да еруптира вулканот Бардарбунга на Исланд. Исландската влада вчера го промени статусот на вулканот кој се наоѓа под најголемиот глечер во „портокалов“ што значи дека ризикот од ерупција и облаци од пепел е зголемен. Станува збор за втор степен на ризик од вкупно пет. За сега не постојат знаци на ерупција, но не може да се исклучи дека сегашната активност нема да резултира со експлозивна субглацијална ерупција, која би довела до голема емисија на пепел. Бардарбунга лежи 700 метри под мраз и за пробие низ него ерупцијата треба да биде многу силна. Ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјалајокул во 2010 година влијаеше на повеќе од 10 милиони патници во авионскиот сообраќај и чинеше 1,7 милијарди долари. Ако сега дојде до нова ерупција, постојат неколку можни сценарија. Првата опција е ерупцијата да биде премногу слаба за да предизвика проблеми. На ова подрачје ерупција се случи и во 1996 година и таа не го проби мразот. Понатаму, би можела да го пробие мразот, но да предизвика мал облак на пепел кој ќе доведе до минимален прекин на авионскиот сообраќај. Една од опциите е да се повтори ерупција слична на онаа во Ејафјалајокул, што значи дека Европа би можела да се соочи со голем прекин во авионскиот сообраќај. И на крај, постои мала можност ерупцијата да биде исклучително силна, при што главен проблем не би бил прекинот на воздушниот сообраќај, туку огромното влијание врз климата и земјоделството во целата северна хемисфера.  

Можеби ќе ве интересира

Мобилните оператори во Британија молат да не им се палат 5Г-антените

Мобилните оператори во Британија молат да не им се палат 5Г-антените

Борис Џонсон прима кислород

Борис Џонсон прима кислород

СЗО: И децата може да развијат тешка клиничка слика и да умрат од вирусот

СЗО: И децата може да развијат тешка клиничка слика и да умрат од вирусот

МОЖЕБИ ЌЕ БИДЕШ ТИВОК УБИЕЦ БЕЗ ДА ЗНАЕШ: Вирусот се пренесува и преку зборување, носи маска

МОЖЕБИ ЌЕ БИДЕШ ТИВОК УБИЕЦ БЕЗ ДА ЗНАЕШ: Вирусот се пренесува и преку зборување, носи маска

НЕПОПРАВЛИВА ГРЕШКА: Во единствената болница во Њујорк за пациенти без вирусот, хоспитализирани заразени со Ковид 19

НЕПОПРАВЛИВА ГРЕШКА: Во единствената болница во Њујорк за пациенти без вирусот, хоспитализирани заразени со Ковид 19

СЕ Е ДОБРЕДОЈДЕНО: Најпознатата болница на Менхетен очајнички бара донации

СЕ Е ДОБРЕДОЈДЕНО: Најпознатата болница на Менхетен очајнички бара донации

Бил Гејтс ќе потроши неколку милијарди за вакцината за коронавирусот

Бил Гејтс ќе потроши неколку милијарди за вакцината за коронавирусот

Премиер лигата предупредува: Намалените плати на фудбалерите ќе имаат импакт на здравствениот систем

Премиер лигата предупредува: Намалените плати на фудбалерите ќе имаат импакт на здравствениот систем

(ВИДЕО) Емотивно обраќање на Трамп-ќе имаме многу мртви

(ВИДЕО) Емотивно обраќање на Трамп-ќе имаме многу мртви