06 Јуни, 2024
0.0268

ПОРТОКАЛОВ СТАТУС: На Европа и се заканува нова вулканска ерупција од Исланд

Објавено во: Свет 19 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Постојат зголемени шанси да еруптира вулканот Бардарбунга на Исланд. Исландската влада вчера го промени статусот на вулканот кој се наоѓа под најголемиот глечер во „портокалов“ што значи дека ризикот од ерупција и облаци од пепел е зголемен. Станува збор за втор степен на ризик од вкупно пет. За сега не постојат знаци на ерупција, но не може да се исклучи дека сегашната активност нема да резултира со експлозивна субглацијална ерупција, која би довела до голема емисија на пепел. Бардарбунга лежи 700 метри под мраз и за пробие низ него ерупцијата треба да биде многу силна. Ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјалајокул во 2010 година влијаеше на повеќе од 10 милиони патници во авионскиот сообраќај и чинеше 1,7 милијарди долари. Ако сега дојде до нова ерупција, постојат неколку можни сценарија. Првата опција е ерупцијата да биде премногу слаба за да предизвика проблеми. На ова подрачје ерупција се случи и во 1996 година и таа не го проби мразот. Понатаму, би можела да го пробие мразот, но да предизвика мал облак на пепел кој ќе доведе до минимален прекин на авионскиот сообраќај. Една од опциите е да се повтори ерупција слична на онаа во Ејафјалајокул, што значи дека Европа би можела да се соочи со голем прекин во авионскиот сообраќај. И на крај, постои мала можност ерупцијата да биде исклучително силна, при што главен проблем не би бил прекинот на воздушниот сообраќај, туку огромното влијание врз климата и земјоделството во целата северна хемисфера.  

Можеби ќе ве интересира

ПРВИ СЛИКИ ОД СТРАШНИОТ СУДИР НА ВОЗОВИ ВО ЧЕШКА: Најмалку 4 загинати и 23 повредени, смачкана локомотива (ФОТО, ВИДЕО)

ПРВИ СЛИКИ ОД СТРАШНИОТ СУДИР НА ВОЗОВИ ВО ЧЕШКА: Најмалку 4 загинати и 23 повредени, смачкана локомотива (ФОТО, ВИДЕО)

СОЛЗИТЕ НА КРАЛИЦАТА КАМИЛА ГО ОБИКОЛИЈА СВЕТОТ: Дали палатата крие нешто од јавноста

СОЛЗИТЕ НА КРАЛИЦАТА КАМИЛА ГО ОБИКОЛИЈА СВЕТОТ: Дали палатата крие нешто од јавноста

ФИЦО МУ ПРОСТУВА НА НАПАЃАЧОТ: На крајот на јуни или на почетокот на јули ќе се врати на работа

ФИЦО МУ ПРОСТУВА НА НАПАЃАЧОТ: На крајот на јуни или на почетокот на јули ќе се врати на работа

(ВИДЕО) МАПА: Руска телевизија објави кои градови можат да ги погодат Украинците со западното оружје

(ВИДЕО) МАПА: Руска телевизија објави кои градови можат да ги погодат Украинците со западното оружје

ПУКАЊЕ КОН АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЛИБАН: Војници отвориле оган врз напаѓачот (ВИДЕО)

ПУКАЊЕ КОН АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЛИБАН: Војници отвориле оган врз напаѓачот (ВИДЕО)

НОВА ЖРТВА ВО ГЕРМАНИЈА: Жена со автомобил пропадна во надојдената вода

НОВА ЖРТВА ВО ГЕРМАНИЈА: Жена со автомобил пропадна во надојдената вода

УЖАС ВО ГАЗА: Лекар со кујнски нож и без анестезија ампутираше нога

УЖАС ВО ГАЗА: Лекар со кујнски нож и без анестезија ампутираше нога

СЕ ВЕАТ РУСКИ ЗНАМИЊА: Руси се доселуваат и во Бугарија

СЕ ВЕАТ РУСКИ ЗНАМИЊА: Руси се доселуваат и во Бугарија

НИВОТО НА ДУНАВ ДОСТИГНА 10 МЕТРИ: Прогласена е вонредна состојба во Долна Баварија

НИВОТО НА ДУНАВ ДОСТИГНА 10 МЕТРИ: Прогласена е вонредна состојба во Долна Баварија