27 Октомври, 2021
0.0247

ПОРТОКАЛОВ СТАТУС: На Европа и се заканува нова вулканска ерупција од Исланд

Објавено во: Свет 19 Август, 2014

Постојат зголемени шанси да еруптира вулканот Бардарбунга на Исланд. Исландската влада вчера го промени статусот на вулканот кој се наоѓа под најголемиот глечер во „портокалов“ што значи дека ризикот од ерупција и облаци од пепел е зголемен. Станува збор за втор степен на ризик од вкупно пет. За сега не постојат знаци на ерупција, но не може да се исклучи дека сегашната активност нема да резултира со експлозивна субглацијална ерупција, која би довела до голема емисија на пепел. Бардарбунга лежи 700 метри под мраз и за пробие низ него ерупцијата треба да биде многу силна. Ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјалајокул во 2010 година влијаеше на повеќе од 10 милиони патници во авионскиот сообраќај и чинеше 1,7 милијарди долари. Ако сега дојде до нова ерупција, постојат неколку можни сценарија. Првата опција е ерупцијата да биде премногу слаба за да предизвика проблеми. На ова подрачје ерупција се случи и во 1996 година и таа не го проби мразот. Понатаму, би можела да го пробие мразот, но да предизвика мал облак на пепел кој ќе доведе до минимален прекин на авионскиот сообраќај. Една од опциите е да се повтори ерупција слична на онаа во Ејафјалајокул, што значи дека Европа би можела да се соочи со голем прекин во авионскиот сообраќај. И на крај, постои мала можност ерупцијата да биде исклучително силна, при што главен проблем не би бил прекинот на воздушниот сообраќај, туку огромното влијание врз климата и земјоделството во целата северна хемисфера.  

Можеби ќе ве интересира

Пучот во Судан однесе тројца луѓе во смрт, а над 80 се повредени

Пучот во Судан однесе тројца луѓе во смрт, а над 80 се повредени

ЗЕМЈА ЗА КОЈА РЕТКО СЕ ГОВОРИ: Тaa е на европско тло, a просечната плата е околу 300 евра

ЗЕМЈА ЗА КОЈА РЕТКО СЕ ГОВОРИ: Тaa е на европско тло, a просечната плата е околу 300 евра

ЈА ИМА ВО 30-ТИНА ЗЕМЈИ: Делта плус го „освојува“ светот

ЈА ИМА ВО 30-ТИНА ЗЕМЈИ: Делта плус го „освојува“ светот

За само еден ден во Русија починале над 1.100 луѓе од коронавирусот

За само еден ден во Русија починале над 1.100 луѓе од коронавирусот

Фејсбук и Јутјуб го отстранија објавите на Болсонаро за наводната штетност на вакцините против Ковид-19

Фејсбук и Јутјуб го отстранија објавите на Болсонаро за наводната штетност на вакцините против Ковид-19

МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА МИЛИЈАРДЕР КОЈ БИЛ БЛИЗОК СО ПОЗНАТИ ПОЛИТИЧАРИ - ноќта ја поминал во луксузен клуб, а утрото се срушил на улица

МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА МИЛИЈАРДЕР КОЈ БИЛ БЛИЗОК СО ПОЗНАТИ ПОЛИТИЧАРИ - ноќта ја поминал во луксузен клуб, а утрото се срушил на улица

И МОДЕРНА ОДОБРЕНА ЗА ТРЕТА ДОЗА: Ќе се дава на возрасни над 18 години, шест месеци по целосна вакцнинација

И МОДЕРНА ОДОБРЕНА ЗА ТРЕТА ДОЗА: Ќе се дава на возрасни над 18 години, шест месеци по целосна вакцнинација

ПОМОШНИК РЕЖИСЕРОТ НА ФИЛМОТ РЃА ЕДНАШ ВЕЌЕ БИЛ ОТПУШТЕН - причина била инцидент со оружје

ПОМОШНИК РЕЖИСЕРОТ НА ФИЛМОТ РЃА ЕДНАШ ВЕЌЕ БИЛ ОТПУШТЕН - причина била инцидент со оружје

ЕВРОПА ВЛЕГУВА ВО ВТОРА ЗИМА НА ПАНДЕМИЈАТА: Затворањата, вакцините и скокот на бројот на заразени направија хаос на исток

ЕВРОПА ВЛЕГУВА ВО ВТОРА ЗИМА НА ПАНДЕМИЈАТА: Затворањата, вакцините и скокот на бројот на заразени направија хаос на исток