01 Јуни, 2024
0.0265

ПОРТОКАЛОВ СТАТУС: На Европа и се заканува нова вулканска ерупција од Исланд

Објавено во: Свет 19 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Постојат зголемени шанси да еруптира вулканот Бардарбунга на Исланд. Исландската влада вчера го промени статусот на вулканот кој се наоѓа под најголемиот глечер во „портокалов“ што значи дека ризикот од ерупција и облаци од пепел е зголемен. Станува збор за втор степен на ризик од вкупно пет. За сега не постојат знаци на ерупција, но не може да се исклучи дека сегашната активност нема да резултира со експлозивна субглацијална ерупција, која би довела до голема емисија на пепел. Бардарбунга лежи 700 метри под мраз и за пробие низ него ерупцијата треба да биде многу силна. Ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјалајокул во 2010 година влијаеше на повеќе од 10 милиони патници во авионскиот сообраќај и чинеше 1,7 милијарди долари. Ако сега дојде до нова ерупција, постојат неколку можни сценарија. Првата опција е ерупцијата да биде премногу слаба за да предизвика проблеми. На ова подрачје ерупција се случи и во 1996 година и таа не го проби мразот. Понатаму, би можела да го пробие мразот, но да предизвика мал облак на пепел кој ќе доведе до минимален прекин на авионскиот сообраќај. Една од опциите е да се повтори ерупција слична на онаа во Ејафјалајокул, што значи дека Европа би можела да се соочи со голем прекин во авионскиот сообраќај. И на крај, постои мала можност ерупцијата да биде исклучително силна, при што главен проблем не би бил прекинот на воздушниот сообраќај, туку огромното влијание врз климата и земјоделството во целата северна хемисфера.  

Можеби ќе ве интересира

Што значи пресудата против Трамп за изборите

Што значи пресудата против Трамп за изборите

ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА ДОШЛА ВО ПОСЕТА НА РОДИТЕЛИТЕ - од трагедијата не успеаа да се спасат ниту со прегратката (ВИДЕО)

ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА ДОШЛА ВО ПОСЕТА НА РОДИТЕЛИТЕ - од трагедијата не успеаа да се спасат ниту со прегратката (ВИДЕО)

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

БАЈДЕН ЗА ПРЕСУДАТА ПРОТИВ ТРАМП: Никој не е над законот

БАЈДЕН ЗА ПРЕСУДАТА ПРОТИВ ТРАМП: Никој не е над законот

ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА: Mомче и две девојки исчезнаа

ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА: Mомче и две девојки исчезнаа

ЗЕЛЕНСКИ: Без зелено светло од САД, другите сојузници веројатно нема да дозволат Украина да го користи нивното оружје со долг дострел

ЗЕЛЕНСКИ: Без зелено светло од САД, другите сојузници веројатно нема да дозволат Украина да го користи нивното оружје со долг дострел

ИНДИЈА: Во последните 24 часа од топлотен удар починале 29 луѓе

ИНДИЈА: Во последните 24 часа од топлотен удар починале 29 луѓе

ДОАЃААТ ЛИ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА ЗА ЕВРОПЕЈЦИТЕ? Невработеноста достигна ново рекордно ниво

ДОАЃААТ ЛИ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА ЗА ЕВРОПЕЈЦИТЕ? Невработеноста достигна ново рекордно ниво

„СЕГА Е ГОТОВО“: еве како реагирала Сторми Даниелс откако Трамп беше прогласен за виновен на судењето

„СЕГА Е ГОТОВО“: еве како реагирала Сторми Даниелс откако Трамп беше прогласен за виновен на судењето