16 Јуни, 2024
0.0265

ПОРТОКАЛОВ СТАТУС: На Европа и се заканува нова вулканска ерупција од Исланд

Објавено во: Свет 19 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Постојат зголемени шанси да еруптира вулканот Бардарбунга на Исланд. Исландската влада вчера го промени статусот на вулканот кој се наоѓа под најголемиот глечер во „портокалов“ што значи дека ризикот од ерупција и облаци од пепел е зголемен. Станува збор за втор степен на ризик од вкупно пет. За сега не постојат знаци на ерупција, но не може да се исклучи дека сегашната активност нема да резултира со експлозивна субглацијална ерупција, која би довела до голема емисија на пепел. Бардарбунга лежи 700 метри под мраз и за пробие низ него ерупцијата треба да биде многу силна. Ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјалајокул во 2010 година влијаеше на повеќе од 10 милиони патници во авионскиот сообраќај и чинеше 1,7 милијарди долари. Ако сега дојде до нова ерупција, постојат неколку можни сценарија. Првата опција е ерупцијата да биде премногу слаба за да предизвика проблеми. На ова подрачје ерупција се случи и во 1996 година и таа не го проби мразот. Понатаму, би можела да го пробие мразот, но да предизвика мал облак на пепел кој ќе доведе до минимален прекин на авионскиот сообраќај. Една од опциите е да се повтори ерупција слична на онаа во Ејафјалајокул, што значи дека Европа би можела да се соочи со голем прекин во авионскиот сообраќај. И на крај, постои мала можност ерупцијата да биде исклучително силна, при што главен проблем не би бил прекинот на воздушниот сообраќај, туку огромното влијание врз климата и земјоделството во целата северна хемисфера.  

Можеби ќе ве интересира

45 и 47! Гламурозна прослава на Флорида: Трамп му испрати брутална порака на Бајден, а еве што му посака пак тој за роденденот

45 и 47! Гламурозна прослава на Флорида: Трамп му испрати брутална порака на Бајден, а еве што му посака пак тој за роденденот

СЛИКАТА КАЖУВА ИЛЈАДА ЗБОРОВИ: Експертка за говор на тело зборува за односот меѓу Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

СЛИКАТА КАЖУВА ИЛЈАДА ЗБОРОВИ: Експертка за говор на тело зборува за односот меѓу Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

ПРВО ЈАВНО ПОЈАВУВАЊЕ НА КЕЈТ, ТАА Е УБАВА И НАСМЕАНА, ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ЧАРЛС - фотографии од прославата

ПРВО ЈАВНО ПОЈАВУВАЊЕ НА КЕЈТ, ТАА Е УБАВА И НАСМЕАНА, ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ЧАРЛС - фотографии од прославата

ПРВ ПАТ ПОСЛЕ ДИЈАГНОЗАТА, КЕЈТ МИДЛТОН ПРОГОВОРИ ЗА СВОЈАТА СОСТОЈБА - откри и кога ќе се појави во јавноста

ПРВ ПАТ ПОСЛЕ ДИЈАГНОЗАТА, КЕЈТ МИДЛТОН ПРОГОВОРИ ЗА СВОЈАТА СОСТОЈБА - откри и кога ќе се појави во јавноста

САМИТ НА Г7 ВО ИТАЛИЈА: Koлку чини ноќевањето во хотелот каде престојуваат најмоќните луѓе на светот?

САМИТ НА Г7 ВО ИТАЛИЈА: Koлку чини ноќевањето во хотелот каде престојуваат најмоќните луѓе на светот?

НАЈМИРНИ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ: На листата се најде и една балканска држава

НАЈМИРНИ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ: На листата се најде и една балканска држава

СКАПИ НЕДВИЖНИНИ, ПРЕОПТОВАРЕНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ, ТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ: Масовниот туризам им создава главоболка на локалците

СКАПИ НЕДВИЖНИНИ, ПРЕОПТОВАРЕНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ, ТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ: Масовниот туризам им создава главоболка на локалците

ЖЕШТИНИТЕ ГИ УНИШТУВААТ ПАТУВАЊАТА: Eкстремно топло во Европа и САД

ЖЕШТИНИТЕ ГИ УНИШТУВААТ ПАТУВАЊАТА: Eкстремно топло во Европа и САД

ОРБАН ТВРДИ ДЕКА ТОЈ ЈА НАМЕТНА КАЗНАТА ВРЗ УНГАРИЈА: „Бриселскиот меур е полн со негови луѓе, тој ги контролира властите во Европа“

ОРБАН ТВРДИ ДЕКА ТОЈ ЈА НАМЕТНА КАЗНАТА ВРЗ УНГАРИЈА: „Бриселскиот меур е полн со негови луѓе, тој ги контролира властите во Европа“