19 Февруари, 2020
0.0163

ПОРТОКАЛОВ СТАТУС: На Европа и се заканува нова вулканска ерупција од Исланд

Објавено во: Свет 19 Август, 2014

Постојат зголемени шанси да еруптира вулканот Бардарбунга на Исланд. Исландската влада вчера го промени статусот на вулканот кој се наоѓа под најголемиот глечер во „портокалов“ што значи дека ризикот од ерупција и облаци од пепел е зголемен. Станува збор за втор степен на ризик од вкупно пет. За сега не постојат знаци на ерупција, но не може да се исклучи дека сегашната активност нема да резултира со експлозивна субглацијална ерупција, која би довела до голема емисија на пепел. Бардарбунга лежи 700 метри под мраз и за пробие низ него ерупцијата треба да биде многу силна. Ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјалајокул во 2010 година влијаеше на повеќе од 10 милиони патници во авионскиот сообраќај и чинеше 1,7 милијарди долари. Ако сега дојде до нова ерупција, постојат неколку можни сценарија. Првата опција е ерупцијата да биде премногу слаба за да предизвика проблеми. На ова подрачје ерупција се случи и во 1996 година и таа не го проби мразот. Понатаму, би можела да го пробие мразот, но да предизвика мал облак на пепел кој ќе доведе до минимален прекин на авионскиот сообраќај. Една од опциите е да се повтори ерупција слична на онаа во Ејафјалајокул, што значи дека Европа би можела да се соочи со голем прекин во авионскиот сообраќај. И на крај, постои мала можност ерупцијата да биде исклучително силна, при што главен проблем не би бил прекинот на воздушниот сообраќај, туку огромното влијание врз климата и земјоделството во целата северна хемисфера.  

Можеби ќе ве интересира

ПОНУДА ЗА СЕМЕЈНИ ЛУЃЕ: Италијанско гратче две години ќе ги субвенционира со кирија

ПОНУДА ЗА СЕМЕЈНИ ЛУЃЕ: Италијанско гратче две години ќе ги субвенционира со кирија

(ВИДЕО) ВОЗЕЊЕ ВО ЛАС ВЕГАС: Ова е руски автомобил кој сообраќа без возач

(ВИДЕО) ВОЗЕЊЕ ВО ЛАС ВЕГАС: Ова е руски автомобил кој сообраќа без возач

ПОЧНАА ВЧЕРА, ЗАВРШУВААТ ВО САБОТА: Кина гради нова фабрика за заштитни маски поради коронавирусот

ПОЧНАА ВЧЕРА, ЗАВРШУВААТ ВО САБОТА: Кина гради нова фабрика за заштитни маски поради коронавирусот

КОГО НАЈМНОГУ НАПАЃА КОРОНАВИРУСОТ - старите и болните најризични

КОГО НАЈМНОГУ НАПАЃА КОРОНАВИРУСОТ - старите и болните најризични

ПОЧИНА ГЛАВНИОТ ЛЕКАР НА БОЛНИЦАТА ВО ВУХАН: Го усмрти коронавирусот

ПОЧИНА ГЛАВНИОТ ЛЕКАР НА БОЛНИЦАТА ВО ВУХАН: Го усмрти коронавирусот

(ФОТО) ПОЖАР ПРОГОЛТА ЗГРАДA: Илјадници луѓе спасуваа жива глава

(ФОТО) ПОЖАР ПРОГОЛТА ЗГРАДA: Илјадници луѓе спасуваа жива глава

НОВ ВИРУС: Се појави кај доматите

НОВ ВИРУС: Се појави кај доматите

ШОКАНТНО видео од британските улици по бурата „Денис“

ШОКАНТНО видео од британските улици по бурата „Денис“

(ВИДЕО) БУРАТА ДЕНИС ОДНЕСЕ ЖРТВИ: Делови од Британија се под вода

(ВИДЕО) БУРАТА ДЕНИС ОДНЕСЕ ЖРТВИ: Делови од Британија се под вода