05 Мај, 2024
0.0134

Поседува ли лидерот на опозицијата докази за случајот со Смилковско езеро?

Објавено во: 02 Март, 2015

Добивај вести на Viber

На денешната прес конференција лидерот на опозицијата Зоран Заев објави неколку интересни аудио снимки кои ја „заголицкаа“ јавноста притоа побудувајќи згрозување од начинот на кој се прават разни наредби од врвот на власта до министрите можеше да се заклучи според она што Заев го обелодени денеска.

Имено во денешната таканаречена шеста бомба Заев објави снимки со кои што според него се покажало зошто министерката Јанкуловска и министерот Ставрески биле најмногу прислушкувани од страна на премиерот Никола Груевски и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има докази за нарачано убиство кај Смилковското езеро истакна дека нема, НО имаат докази од таа сфера и за нив не очекува правна разрешница но очекува дека кога ќе ја соопшти целата вистина консеквентно на тоа ќе стигне и политичката разрешница и дека крајот на овој режим и диктатура во Македонија доаѓа.

Заев истакна дека очекува Премиерот нема да направи немири во земјава после аудио снмиките!