Потпишан Меморандум за разбирање меѓу Центарот за стручно образование и обука и Програмата за зголемување на пазарната работливост
![](/media/main/2015/12/potpis-e1450874550737.jpg)
Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2015
Директорката на центарот за стручно образование и обука (ЦСОО), г-ѓа Ајше Селмани, и директорката на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), г-ѓа Розанди Лоу потпишаа меморандум за разбирање за партнерството помеѓу Програмата и Центарот во наредните четири години. Меморандумот се однесува на соработката при воведувањето на нови наставни програми согласно потребите на пазарот на труд и потребата за зајакнување на врските помеѓу приватниот сектор и стручното образование во трите области во кои работи програмата: туризам и угостителство, зелена економија и креативни индустрии.
Партнерството помеѓу ИМЕ програмата и ЦСОО е насочено кон поддршка на системот за стручно образование за зајакнување на вештините и квалификациите на учениците, согласно потребите на пазарот на труд, подобрување на нивните можности за вработување и зголемување на нивните претприемачки вештини. Исто така, заедничката соработка ќе се однесува на развивање на капацитетите на наставниците и стручните соработници за остварување на ефективна соработка со приватниот сектор, подобрување на координацијата меѓу сите чинители и создавање на култура на родова еднаквост како важни аспекти интегрирани во активностите на ИМЕ програма.
Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability - IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. Првата фаза од програмата се имплементира од 2015 до 2019 и е со буџет од 6.25 милиони швајцарски франци.
Очекуваните клучни резултати од програмата се, во период од 4 години, да се создадат повеќе од 2,000 директни или индиректни работни места и да се зголеми нето приходот на повеќе од 1,000 мали и средни претпријатија за 1.5 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
ШП-АРТ-УМЕТНОСТ на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“
![](/media/main/250x170/2024/06/20240624143749.jpg)
А1 Македонија со збогатено портфолио и нови опции за купување на дополнителни уреди за сите пост пејд корисници
![](/media/main/250x170/2024/06/20240624132944.jpg)
Моќта на брендингот: Само додај Coca-Cola и... уживај во магијата
![](/media/main/250x170/2024/06/20240620181637.png)
ЕВН Хоме ја прифати понудата на АД ЕСМ од 60 евра за мегаватчас за 85 отсто од потребите
![](/media/main/250x170/2024/06/20240620165159.jpg)
Амбасадорите Дејвид Гир и Кшиштоф Гжелчик во Македонски Брод - граѓаните заинтересирани да реализираат проекти со ЕУ-поддршка
![](/media/main/250x170/2024/06/20240620161600.jpg)
Концерти, фестивали, кино на отворено – Halk EZ ја отвора сезоната на кул искуства за своите корисници
![](/media/main/250x170/2024/06/20240620145417.png)
Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за спортскиот настан за млади- СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС.
![](/media/main/250x170/2024/06/20240620140711.png)