ПРЕСУДА: Морси осуден на доживотен затвор поради шпиунажа
Објавено во: Свет 18 Јуни, 2016
Поранешниот претседател на Египет Мухамед Морси е осуден на доживотна казна затвор бидејќи е прогласен виновен за шпиунажа.
Како што пренесуваат локалните медиуми, судот Морис го означил крив за шпиунажа во корист на Катра.
Во тој случај шест лица се осудени на смрт, а казни еднакви на Морсиевата добиле уште двајца обвинети.
Морси во јуни лани е осуден на 25 години затвор поради шпиунажа во корист на палестинскиот Хамас и Иран, а истовремено добил и смртна казна поради масовните бегства од затвори и напади на полицијата во текот на бунтот против тогашниот претседателт Хосни Мубарак во 2011 година.