Промовирани нови инжинери и магистри на ФЕИТ
![](/media/main/2015/06/feit.jpg)
Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2015
Нови 275 инженери и 113 магистри, вчеравечер, промовираше Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).
На промоцијата, која се одржа во Македонскиот Народен Театар, деканот на ФЕИТ, професор д-р Миле Станковски, им порача на дипломираните и магистрите дека ова е „само крај на еден дел од Вашиот живот и Ве става пред почетокот на нова стартна линија“.
„Што и да правите понатаму, никогаш не запирајте со учењето, истражувањето, растењето и не напуштајте го предизвикот да бидете најдобри. Се надевам дека по вашето дипломирање, одвреме-навреме, ќе доаѓате на вашиот АЛМА МАТЕР и ќе зборувате со нас, активно ќе го користите ФЕИТ како место за алумни активности – како арена за доживотно учење и здрава основа во вашите животи“, рече Станковски.
Од дипломираните годинава, 21 беа промовирани како најдобри студенти во генерацијата со просек над 9 (девет). На манифестацијата беа поделени и наградите „Инженерски прстен“, „Атанаско Кантарџиев“, „Стамболиев“, од институциите Македонски национален комитет при Меѓународната конференција за големи електрични системи (МАКОСИГРЕ) и Здружението за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Македонија - ЕТАИ.
Во име на студентите, на манифестацијата, говореше Ванеса Василевска.
„Денес е денот кој го рефлектира успехот од завршување на четиригодишното студирање. Дефинира етапа во која храбро се соочивме со уште едно предизвикувачко искуство во нашите животи и момент кога се здобивме со признание за нашата улога на утрешни идни лидери“, им порача Василевска на своите колеги.
На промоцијата на дипломираните студенти и магистри на ФЕИТ присуствуваше ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, проректорите на УКИМ, продеканотна Електротехничкиот факултет од Ниш, професор д-р Драган Денич, неколку декани на образовни институции во Македонија и претставници на компании кои соработуваат со Факултетот.
Во досегашното 56-годишно постоење, Факултетот образувал речиси 10.000 електроинженери, создал повеќе од 850 магистри и над 120 доктори на науки.
Можеби ќе ве интересира
Клиника Жан Митрев се проширува со оддел стоматологија и нови услуги во центарот за естетска дерматологија
Неодоливи намалувања до -50 отсто во омилените брендови на Fashion Group!
![](/media/main/250x170/2024/07/20240704150329.png)
Најголемиот македонски outdoor фестивал When in Krusevo овој викенд се одржува во највисокиот град на Балканот!
![](/media/main/250x170/2024/07/20240704133718.jpg)
„Мала книга за лике“ од Мајк Викинг открива зошто Данска важи за најсреќна земја на светот
![](/media/main/250x170/2024/07/20240704113255.jpg)
Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ од S&P
![](/media/main/250x170/2024/07/20240704104007.jpg)
Samsung ги поканува обожавателите ширум светот да уживаат во Galaxy Experience Spaces прикажувајќи го следното поглавје на Galaxy AI
![](/media/main/250x170/2024/07/20240703144013.png)
Реплек со раст на приходите од продажба од 20 отсто во првата половина од 2024
![](/media/main/250x170/2024/07/20240703130200.jpg)
Наградна игра: Освојте маица со потпис на Лука Модриќ!
![](/media/main/250x170/2024/07/20240703111343.png)
За наградата „Пегаз“ ќе се натпреваруваат 56 ракописи
![](/media/main/250x170/2024/07/20240703105321.jpg)