Промовирани нови инжинери и магистри на ФЕИТ
![](/media/main/2015/06/feit.jpg)
Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2015
Нови 275 инженери и 113 магистри, вчеравечер, промовираше Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).
На промоцијата, која се одржа во Македонскиот Народен Театар, деканот на ФЕИТ, професор д-р Миле Станковски, им порача на дипломираните и магистрите дека ова е „само крај на еден дел од Вашиот живот и Ве става пред почетокот на нова стартна линија“.
„Што и да правите понатаму, никогаш не запирајте со учењето, истражувањето, растењето и не напуштајте го предизвикот да бидете најдобри. Се надевам дека по вашето дипломирање, одвреме-навреме, ќе доаѓате на вашиот АЛМА МАТЕР и ќе зборувате со нас, активно ќе го користите ФЕИТ како место за алумни активности – како арена за доживотно учење и здрава основа во вашите животи“, рече Станковски.
Од дипломираните годинава, 21 беа промовирани како најдобри студенти во генерацијата со просек над 9 (девет). На манифестацијата беа поделени и наградите „Инженерски прстен“, „Атанаско Кантарџиев“, „Стамболиев“, од институциите Македонски национален комитет при Меѓународната конференција за големи електрични системи (МАКОСИГРЕ) и Здружението за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Македонија - ЕТАИ.
Во име на студентите, на манифестацијата, говореше Ванеса Василевска.
„Денес е денот кој го рефлектира успехот од завршување на четиригодишното студирање. Дефинира етапа во која храбро се соочивме со уште едно предизвикувачко искуство во нашите животи и момент кога се здобивме со признание за нашата улога на утрешни идни лидери“, им порача Василевска на своите колеги.
На промоцијата на дипломираните студенти и магистри на ФЕИТ присуствуваше ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, проректорите на УКИМ, продеканотна Електротехничкиот факултет од Ниш, професор д-р Драган Денич, неколку декани на образовни институции во Македонија и претставници на компании кои соработуваат со Факултетот.
Во досегашното 56-годишно постоење, Факултетот образувал речиси 10.000 електроинженери, создал повеќе од 850 магистри и над 120 доктори на науки.
Можеби ќе ве интересира
СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СКОПЈАНЕЦ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 5.535.393 ДЕНАРИ
![](/media/main/250x170/2024/07/20240708152931.png)
Дефинитивно денови за паметење – Народната и забавната музика ги разгореа жештините во Кратово
![](/media/main/250x170/2024/07/20240708152252.jpg)
Како новиот Galaxy Watch и сензорот BioActive ги прошируваат персонализираните и превентивните велнес решенија за уште повеќе корисници
![](/media/main/250x170/2024/07/20240708151658.png)
„Време е да се искорени лошата репутација на никотинот“
![](/media/main/250x170/2024/07/20240708114625.jpeg)
Нова понуда на Иуте за потрошувачки кредит до 20.000 денари со 0% трошоци
![](/media/main/250x170/2024/07/20240708112052.jpg)
Пет корисници на пакетот Halk EZ добија по две ВИП карти за фестивалот Exit
![](/media/main/250x170/2024/07/20240708103350.png)
УНИ Банка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“
![](/media/main/250x170/2024/07/20240708095104.jpeg)