02 Јули, 2024
0.0249

Промовирани нови инжинери и магистри на ФЕИТ

Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Нови 275 инженери и 113 магистри, вчеравечер, промовираше Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

На промоцијата, која се одржа во Македонскиот Народен Театар, деканот на ФЕИТ, професор д-р Миле Станковски, им порача на дипломираните и магистрите дека ова е „само крај на еден дел од Вашиот живот и Ве става пред почетокот на нова стартна линија“.

„Што и да правите понатаму, никогаш не запирајте со учењето, истражувањето, растењето и не напуштајте го предизвикот да бидете најдобри. Се надевам дека по вашето дипломирање, одвреме-навреме, ќе доаѓате на вашиот АЛМА МАТЕР и ќе зборувате со нас, активно ќе го користите ФЕИТ како место за алумни активности – како арена за доживотно учење и здрава основа во вашите животи“, рече Станковски.

Од дипломираните годинава, 21 беа промовирани како најдобри студенти во генерацијата со просек над 9 (девет). На манифестацијата беа поделени и наградите „Инженерски прстен“, „Атанаско Кантарџиев“, „Стамболиев“, од институциите Македонски национален комитет при Меѓународната конференција за големи електрични системи (МАКОСИГРЕ) и Здружението за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Македонија - ЕТАИ.

Во име на студентите, на манифестацијата, говореше Ванеса Василевска.

„Денес е денот кој го рефлектира успехот од завршување на четиригодишното студирање. Дефинира етапа во која храбро се соочивме со уште едно предизвикувачко искуство во нашите животи и момент кога се здобивме со признание за нашата улога на утрешни идни лидери“, им порача Василевска на своите колеги.

На промоцијата на дипломираните студенти и магистри на ФЕИТ присуствуваше ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, проректорите на УКИМ, продеканотна Електротехничкиот факултет од Ниш, професор д-р Драган Денич, неколку декани на образовни институции во Македонија и претставници на компании кои соработуваат со Факултетот.

Во досегашното 56-годишно постоење, Факултетот образувал речиси 10.000 електроинженери, создал повеќе од 850 магистри и над 120 доктори на науки.

Можеби ќе ве интересира

Планирате да останете надвор? Gorenje има совршено решение за подготовка на скара каде и да посакате

Планирате да останете надвор? Gorenje има совршено решение за подготовка на скара каде и да посакате

Најголемата е-книжарница www.literatura.mk слави роденден со подароци за читателите

Најголемата е-книжарница www.literatura.mk слави роденден со подароци за читателите

ТАВ МАКЕДОНИЈА ДОНИРАШЕ ХРАНА И ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА ЗА СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК КОИ ЖИВЕАТ ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН

ТАВ МАКЕДОНИЈА ДОНИРАШЕ ХРАНА И ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА ЗА СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК КОИ ЖИВЕАТ ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН

АПИС со апел до Владата: Не ги повторувајте грешките на претходниците

АПИС со апел до Владата: Не ги повторувајте грешките на претходниците

Развојот на IQ кај децата преку игра

Развојот на IQ кај децата преку игра

Депонијата не е решение за електронскиот отпад

Депонијата не е решение за електронскиот отпад

ЛЕТЕН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ, НОВ ПРОИЗВОД ОД ШПАРКАСЕБАНКА

ЛЕТЕН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ, НОВ ПРОИЗВОД ОД ШПАРКАСЕБАНКА

КОЖУВЧАНКА ДОО донираше ИЗВОРСКА вода на Армискиот полигон Криволак!

КОЖУВЧАНКА ДОО донираше ИЗВОРСКА вода на Армискиот полигон Криволак!

ЖЕШКИ БОНУСИ, НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ЖЕШКИ БОНУСИ, НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк