ПРВ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР: Што си кажаа Путин и Обама?
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2016
Владимир Путин и Доналд Трамп спроведоа прв телефонски повик и си ветиле да изградат нов вид односи меѓу САД и Русија, изградени на „взаемно почитување“. Ова беше објавено официјално од Кремљ по завршувањето на разговорот во понеделникот навечер.
Според информациите, цитирани од големите меѓународни медиуми, рускиот претседател и новоизбраниот претседател на САД се согласиле дека сегашните односи меѓу двете земји се „незадоволителни“. Тие ќе работат за развој на трговските и економските односи, како и за борбата против меѓународниот тероризам.
Тие се согласиле исто така да останат во постојан контакт и да организираат билатерална средба во првиот можен момент.
Кабинетот на Трамп ја потврдила информацијата. Од таму велат дека Путин му посакал на Трамп „успех во извршувањето на предизборната програма“ и рекол дека е подготвен да изгради партнерски дијалог со новата администрација за принципите на еднаквост, меѓусебно почитување и немешање во внатрешните работи на која било од земјите.
Трамп за возврат изразил восхитување од Путин, и го повторил септемврискиот коментар дека рускиот претседател „е далеку подобар лидер од нашиот претседател“.
Путин вратил комплимент, и изјавил дека Трамп е „исклучителен човек, талентиран, без сомнение“.