Путин верува во соработка со Трамп, САД не му веруваат на својот претседател
Објавено во: Свет 08 Јули, 2017
Рускиот претседател Владимир Путин заврши со пријателски пораки и позитивен тон по средбата со американскиот колега Доналд Трамп за кого смета дека е поинаков во живо отколку што е прикажан во медиумите.
Путин по завршувањето на конференцијата на самитот Г20 и приватната средба со Трамп смета дека е поставен добар темел за градење на меѓусебни односи бидејќи соработка меѓу Русија и САД е неопходна.
И додека Путин верува во подобра иднина во САД владее хистерија, на Трамп му наоѓаат бројни забелешки, од тоа како се поставил на средбата со мал тим и недоволно политчко искуство до неговата наивност дека Русија може да биде пријателска земја за која сега сметаат дека е активен противник на нивните интереси.
По состанокот, американскиот и рускиот претседател потврдија дека е договорено примирје на југозападот на Сирија.