11 Мај, 2024
0.0262

РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ: Се шири бизарен предизвик на Фејсбук, децата исчезнуваат на 72 ч без траг!

Објавено во: Стил 07 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Многу опасната игра „Game 72“, која се шири преку социјалните мрежи, е се популарна во Америка, но внимавајте и во Европа.

Новиот тренд со брзина на молњата се шири на популарната социјална мрежа. Децата исчезнуваат на 72 часа, односно не им кажуваат на родителите каде заминуваат.

 

Токму тој предизвик би можел да стои позади двете британски тинејџерки, Сиобан Кларк (15) и Семи Кларк (14) од Есекс , шпекулираат тамошните медиуми. Иако исто се презиваат, девојчињата не биле во роднинска врска, пренесуваат американските медиуми. На нив, откако во петокот после пладне излегле од училиште им се губи секаква трага. Пронајдени се 30-тина км од нивните домови.

Во оваа бизарна тинејџерска игра има само две правила: да исчезнат на 72 часа и никој да не известат за своите планови.

Меѓу исчезнатите на 72 часа била и 13-годишно девојче од Франција.   Девојката која тамошните медиуми ја нарекле Ема, не сакала да им каже ниту на родителите ниту на полицијата каде била тие 72 часа.