11 Мај, 2024
0.2915

Руски воен авион се урна во близина на Сирија, пилотот се катапултирал

Објавено во: Свет 14 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Руски борбен авион МИГ 29 се урна во водите на Средоземното море во близина на брегот на Сирија, откако пилотот неуспешно се обидел да слета на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“.

Според руското министерство за одбрана најверојатно причината за падот е техничка грешка, додека пак пилотот навремено се катапултиран и безбедно е извлечен од водите, па засега нема наводи дека бил соборен.

Се истакнува дека инцидентот не влијаел врз планот за летови и дека „групата на носачот на авиони во Средоземното Море продолжува да дејствува според планот“. Претходно беше објавено дека палубната авијација на носачот „Адмирал Кузнецов“ кој доплови до сирискиот брег започнала со тренажни летови за координација со еден од аеродромите на копното.

Групата бродови од руската Северна флота на 15-ти октомври влезе во Средоземното Море според планот за борбени подготовки. Во составот на групата, покрај носачот се и голем ракетен крстосувач, два брода брод за борба против подморници, како и бродови за обезбедување.

Авионот од типот „МиГ-29К“ е руски повеќенаменски суперсоничен ловец од четвртата генерација, развиван од советскиот проект „МиГ-29“, од 1980 година. Тоа е првиот советски борбен авион со можноста да полетува и да атерира на брод


Можеби ќе ве интересира

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена