02 Јули, 2024
0.0276

Руските пари ќе стигнат за гасовод до Штип, но не и до Кавадарци

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Гасоводот Клечовце-Штип доби законска основа. Пратениците денеска го изгласаа Законот за реализација на инфраструктурниот проект за изградба на магистрален гасовод, делница Клечовце – Блок-станица 5, во близина на Штип, по скратена постапка. Проектот ќе се реализира врз основа на преговорите меѓу претставниците од Македонија и од Русија, врз основа на меѓувладината спогодба за порамнување на клириншкиот долг, од изведувачот ОАД „Стројтрансгас“ од Москва. „Изградбата на гасоводната делница ќе опфати изведување градежни, машински, електро-работи и катодна заштита на линиски дел од магистралниот гасовод со должина од 60,7 км, во чиј состав се седум блок-станици и отпремна чистачка станица, како и други работи кои ќе бидат предмет на регулирање со договор. Вкупната сума изнесува 75 милиони долари, што е според меѓувладината спогодба. Гасоводната делница ќе се гради по принципот клуч во рака“, рече заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини. За пратениците од СДСМ е нејасно зошто со парите од затворањето на клириншкиот долг проектот ќе се реализира само до Штип, а планот бил гасоводот да стигне до Кавадарци. „Обврска на Македонија е да учествува со 15 милиони долари. Од каде ќе се платат и дали е тоа конечната цена?“, праша пратеникот Јани Макрадули. Оваа делница е првата од планираната примарна гасоводна мрежа која треба да стигне до сите градови во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

НЕ Е ВО РЕД НА ГЛАСАЊЕ ДА ПУШТАТЕ ЛУЃЕ КОИ ЗНАЕТЕ КАКО ЌЕ ГЛАСААТ: Се огласи Деспотовски за партиските избори

НЕ Е ВО РЕД НА ГЛАСАЊЕ ДА ПУШТАТЕ ЛУЃЕ КОИ ЗНАЕТЕ КАКО ЌЕ ГЛАСААТ: Се огласи Деспотовски за партиските избори

Од денеска исплата на преостанатата парична помош за учениците

Од денеска исплата на преостанатата парична помош за учениците

Левица: Властите на Бугарија и Албанија заеднички ги „попишаа“ Македонците

Левица: Властите на Бугарија и Албанија заеднички ги „попишаа“ Македонците

СЕ ПРЕТСТАВУВАЛЕ ДЕКА СЕ ОД МВР И ЕВРОПОЛ ПА НАСЕДНУВАЛЕ ГРАЃАНИ: Им кажувале дека се води некаква истрага

СЕ ПРЕТСТАВУВАЛЕ ДЕКА СЕ ОД МВР И ЕВРОПОЛ ПА НАСЕДНУВАЛЕ ГРАЃАНИ: Им кажувале дека се води некаква истрага

ДЕСПОТОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Повеќе нема да биде директор на ТИРЗ

ДЕСПОТОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Повеќе нема да биде директор на ТИРЗ

„ГРЦИЈА ДА СТАВИ ВЕТО НА СЕКОЈ ЧЕКОР НА СКОПЈЕ ИСТО КАКО БУГАРИЈА“: Самар со барања до грчката влада

„ГРЦИЈА ДА СТАВИ ВЕТО НА СЕКОЈ ЧЕКОР НА СКОПЈЕ ИСТО КАКО БУГАРИЈА“: Самар со барања до грчката влада

УХМР ГО ВКЛУЧИ МЕТЕОАЛАРМОТ: Ќе има невреме со ветер и до 70 километри на час, а можна е појава на град

УХМР ГО ВКЛУЧИ МЕТЕОАЛАРМОТ: Ќе има невреме со ветер и до 70 километри на час, а можна е појава на град

Извадено албанското, вратено македонското знаме на Кораб

Извадено албанското, вратено македонското знаме на Кораб

РЕВИЗОРИТЕ СО ОСТРИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ИСЕЛУВАЊЕТО: заминуваат образовни кадри, се доделуваат стипендии за студии во странство без анализа

РЕВИЗОРИТЕ СО ОСТРИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ИСЕЛУВАЊЕТО: заминуваат образовни кадри, се доделуваат стипендии за студии во странство без анализа