09 Мај, 2024
0.0274

Руските пари ќе стигнат за гасовод до Штип, но не и до Кавадарци

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Гасоводот Клечовце-Штип доби законска основа. Пратениците денеска го изгласаа Законот за реализација на инфраструктурниот проект за изградба на магистрален гасовод, делница Клечовце – Блок-станица 5, во близина на Штип, по скратена постапка. Проектот ќе се реализира врз основа на преговорите меѓу претставниците од Македонија и од Русија, врз основа на меѓувладината спогодба за порамнување на клириншкиот долг, од изведувачот ОАД „Стројтрансгас“ од Москва. „Изградбата на гасоводната делница ќе опфати изведување градежни, машински, електро-работи и катодна заштита на линиски дел од магистралниот гасовод со должина од 60,7 км, во чиј состав се седум блок-станици и отпремна чистачка станица, како и други работи кои ќе бидат предмет на регулирање со договор. Вкупната сума изнесува 75 милиони долари, што е според меѓувладината спогодба. Гасоводната делница ќе се гради по принципот клуч во рака“, рече заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини. За пратениците од СДСМ е нејасно зошто со парите од затворањето на клириншкиот долг проектот ќе се реализира само до Штип, а планот бил гасоводот да стигне до Кавадарци. „Обврска на Македонија е да учествува со 15 милиони долари. Од каде ќе се платат и дали е тоа конечната цена?“, праша пратеникот Јани Макрадули. Оваа делница е првата од планираната примарна гасоводна мрежа која треба да стигне до сите градови во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ ГРУЕВСКИ ЗА ПОБЕДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Го поздрави големиот пораз на СДСМ, а на сопартијците им рече „Со среќа и со ум!“

СЕ ОГЛАСИ ГРУЕВСКИ ЗА ПОБЕДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Го поздрави големиот пораз на СДСМ, а на сопартијците им рече „Со среќа и со ум!“

„НОВАТА ВЛАДА ЌЕ БАРА НОВО РЕШЕНИЕ“: Арсовски за Фактор околу можните коалицирања и идните чекори на победникот

„НОВАТА ВЛАДА ЌЕ БАРА НОВО РЕШЕНИЕ“: Арсовски за Фактор околу можните коалицирања и идните чекори на победникот

„ДОБРО УТРО ПОБЕДНИЦИ!“: Се огласи Османи на фејсбук

„ДОБРО УТРО ПОБЕДНИЦИ!“: Се огласи Османи на фејсбук

И Перо Костадинов од СДСМ поднесе оставка

И Перо Костадинов од СДСМ поднесе оставка

„НАРОДЕ, МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ПОВТОРНО ТВОЈА“: Мицкоски по победата

„НАРОДЕ, МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ПОВТОРНО ТВОЈА“: Мицкоски по победата

„Со нетрпение очекувам да работиме со претседателката на забрзување на реформите“: Вархеји со честитка, еве што му одговори таа

„Со нетрпение очекувам да работиме со претседателката на забрзување на реформите“: Вархеји со честитка, еве што му одговори таа

ДПА: Десничарската националистичка ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи на изборите

ДПА: Десничарската националистичка ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи на изборите

„ПАДНА“ УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА: Маја Морачанин се повлече од лидерската позиција во ДОМ

„ПАДНА“ УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА: Маја Морачанин се повлече од лидерската позиција во ДОМ

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Партиското раководство ќе ги разгледа сите опции и можности за евентуално партиципирање во власта

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Партиското раководство ќе ги разгледа сите опции и можности за евентуално партиципирање во власта