12 Ноември, 2024
0.1074

Руските пари ќе стигнат за гасовод до Штип, но не и до Кавадарци

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Гасоводот Клечовце-Штип доби законска основа. Пратениците денеска го изгласаа Законот за реализација на инфраструктурниот проект за изградба на магистрален гасовод, делница Клечовце – Блок-станица 5, во близина на Штип, по скратена постапка. Проектот ќе се реализира врз основа на преговорите меѓу претставниците од Македонија и од Русија, врз основа на меѓувладината спогодба за порамнување на клириншкиот долг, од изведувачот ОАД „Стројтрансгас“ од Москва. „Изградбата на гасоводната делница ќе опфати изведување градежни, машински, електро-работи и катодна заштита на линиски дел од магистралниот гасовод со должина од 60,7 км, во чиј состав се седум блок-станици и отпремна чистачка станица, како и други работи кои ќе бидат предмет на регулирање со договор. Вкупната сума изнесува 75 милиони долари, што е според меѓувладината спогодба. Гасоводната делница ќе се гради по принципот клуч во рака“, рече заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини. За пратениците од СДСМ е нејасно зошто со парите од затворањето на клириншкиот долг проектот ќе се реализира само до Штип, а планот бил гасоводот да стигне до Кавадарци. „Обврска на Македонија е да учествува со 15 милиони долари. Од каде ќе се платат и дали е тоа конечната цена?“, праша пратеникот Јани Макрадули. Оваа делница е првата од планираната примарна гасоводна мрежа која треба да стигне до сите градови во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Суспендираниот обвинител Хајрулахи обвинува за притисок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Суспендираниот обвинител Хајрулахи обвинува за притисок

Маја Кадиевска и Зоран Љутков повеќе не се членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Маја Кадиевска и Зоран Љутков повеќе не се членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНСКИ НАУЧНИК ПРОНАЈДЕ ДОСЕГА НЕПОЗНАТ ВИД ПАЈАК: Откриен е во Босна

МАКЕДОНСКИ НАУЧНИК ПРОНАЈДЕ ДОСЕГА НЕПОЗНАТ ВИД ПАЈАК: Откриен е во Босна

ПО СМРТТА НА ПЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА: Таравари формираше комисија за стручен надзор

ПО СМРТТА НА ПЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА: Таравари формираше комисија за стручен надзор

СОСТОЈБА ПОПЛАДНЕВО: Тетово и Кавадарци високо загадени

СОСТОЈБА ПОПЛАДНЕВО: Тетово и Кавадарци високо загадени

КРАЖБА ВО ШТИПСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА: Oдземени шишиња и пакувања со лекови

КРАЖБА ВО ШТИПСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА: Oдземени шишиња и пакувања со лекови

ТВРДИ ДЕКА САКАЛЕ ДА ГО ОЦРНАТ: Хајрулахи вели дека истрагата против него била за да го замолчат

ТВРДИ ДЕКА САКАЛЕ ДА ГО ОЦРНАТ: Хајрулахи вели дека истрагата против него била за да го замолчат

АХМЕТИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА „СИТЕ АЛБАНЦИ ЌЕ СЕ КРЕНАТ НА НОЗЕ“: Што му одговори Мицкоски?

АХМЕТИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА „СИТЕ АЛБАНЦИ ЌЕ СЕ КРЕНАТ НА НОЗЕ“: Што му одговори Мицкоски?

Силјановска Давкова го отповика Дане Талески од НАТО

Силјановска Давкова го отповика Дане Талески од НАТО