18 Јуни, 2024
0.0274

Руските пари ќе стигнат за гасовод до Штип, но не и до Кавадарци

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Гасоводот Клечовце-Штип доби законска основа. Пратениците денеска го изгласаа Законот за реализација на инфраструктурниот проект за изградба на магистрален гасовод, делница Клечовце – Блок-станица 5, во близина на Штип, по скратена постапка. Проектот ќе се реализира врз основа на преговорите меѓу претставниците од Македонија и од Русија, врз основа на меѓувладината спогодба за порамнување на клириншкиот долг, од изведувачот ОАД „Стројтрансгас“ од Москва. „Изградбата на гасоводната делница ќе опфати изведување градежни, машински, електро-работи и катодна заштита на линиски дел од магистралниот гасовод со должина од 60,7 км, во чиј состав се седум блок-станици и отпремна чистачка станица, како и други работи кои ќе бидат предмет на регулирање со договор. Вкупната сума изнесува 75 милиони долари, што е според меѓувладината спогодба. Гасоводната делница ќе се гради по принципот клуч во рака“, рече заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини. За пратениците од СДСМ е нејасно зошто со парите од затворањето на клириншкиот долг проектот ќе се реализира само до Штип, а планот бил гасоводот да стигне до Кавадарци. „Обврска на Македонија е да учествува со 15 милиони долари. Од каде ќе се платат и дали е тоа конечната цена?“, праша пратеникот Јани Макрадули. Оваа делница е првата од планираната примарна гасоводна мрежа која треба да стигне до сите градови во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТРОВСКА: Се проценуваше дека со оставката на Заев ќе се надминат проблемите, но се виде како погрешна одлука

ПЕТРОВСКА: Се проценуваше дека со оставката на Заев ќе се надминат проблемите, но се виде како погрешна одлука

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ: Стоиљковиќ јавно да се изјасни за признавање на Косово, да се огради од Путин и Вучиќ

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ: Стоиљковиќ јавно да се изјасни за признавање на Косово, да се огради од Путин и Вучиќ

НИМИЦ ПОРАЧА ДА НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО ИЛУЗИИ: Што му одговори Христијан Мицкоски?

НИМИЦ ПОРАЧА ДА НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО ИЛУЗИИ: Што му одговори Христијан Мицкоски?

УСПЕХ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Табла која содржи македонски јазик ќе биде поставена во Тирана

УСПЕХ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Табла која содржи македонски јазик ќе биде поставена во Тирана

МИЦКОСКИ ЗА РЕАКЦИИТЕ ЗА СТОИЉКОВИЌ: Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции

МИЦКОСКИ ЗА РЕАКЦИИТЕ ЗА СТОИЉКОВИЌ: Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции

АНКЕТА: Само 18 отсто од Грците имаат позитивно мислење за Македонија

АНКЕТА: Само 18 отсто од Грците имаат позитивно мислење за Македонија

„СДСМ ИЗБОРИ ДОБИВА СО ДУША И СРЦЕ И НИЕ ТОА ГО ИЗГУБИВМЕ“: Деспотовски погоди „во нерв“ за партиските проблеми

„СДСМ ИЗБОРИ ДОБИВА СО ДУША И СРЦЕ И НИЕ ТОА ГО ИЗГУБИВМЕ“: Деспотовски погоди „во нерв“ за партиските проблеми

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ПОРТОКАЛОВО: синоптичарите предупредуваат за опасност од високи температури

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ПОРТОКАЛОВО: синоптичарите предупредуваат за опасност од високи температури

„ЕМ СИРОМАВ, ЕМ СЕ ДИГНАЛ ДО НЕБО“ - професорот Славески прашува како ние ја надминавме границата за издатоци за НАТО за одбраната, а тоа не го сториле помоќни земји

„ЕМ СИРОМАВ, ЕМ СЕ ДИГНАЛ ДО НЕБО“ - професорот Славески прашува како ние ја надминавме границата за издатоци за НАТО за одбраната, а тоа не го сториле помоќни земји