28 Јуни, 2024
0.0313

Руските пари ќе стигнат за гасовод до Штип, но не и до Кавадарци

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Гасоводот Клечовце-Штип доби законска основа. Пратениците денеска го изгласаа Законот за реализација на инфраструктурниот проект за изградба на магистрален гасовод, делница Клечовце – Блок-станица 5, во близина на Штип, по скратена постапка. Проектот ќе се реализира врз основа на преговорите меѓу претставниците од Македонија и од Русија, врз основа на меѓувладината спогодба за порамнување на клириншкиот долг, од изведувачот ОАД „Стројтрансгас“ од Москва. „Изградбата на гасоводната делница ќе опфати изведување градежни, машински, електро-работи и катодна заштита на линиски дел од магистралниот гасовод со должина од 60,7 км, во чиј состав се седум блок-станици и отпремна чистачка станица, како и други работи кои ќе бидат предмет на регулирање со договор. Вкупната сума изнесува 75 милиони долари, што е според меѓувладината спогодба. Гасоводната делница ќе се гради по принципот клуч во рака“, рече заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини. За пратениците од СДСМ е нејасно зошто со парите од затворањето на клириншкиот долг проектот ќе се реализира само до Штип, а планот бил гасоводот да стигне до Кавадарци. „Обврска на Македонија е да учествува со 15 милиони долари. Од каде ќе се платат и дали е тоа конечната цена?“, праша пратеникот Јани Макрадули. Оваа делница е првата од планираната примарна гасоводна мрежа која треба да стигне до сите градови во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ ДУРИ ДЕНЕС ЈА ПРЕЗЕМА МИНИСТЕРСКАТА ФУНКЦИЈА ОД ОСМАНИ: Еве на што ќе биде акцентот на неговото работење

МУЦУНСКИ ДУРИ ДЕНЕС ЈА ПРЕЗЕМА МИНИСТЕРСКАТА ФУНКЦИЈА ОД ОСМАНИ: Еве на што ќе биде акцентот на неговото работење

Момче на 14 години почина од откачен бојлер во населбата Маврови Анови

Момче на 14 години почина од откачен бојлер во населбата Маврови Анови

„Лицата попишани во странство нема да бидат дел од балансерот за вработување“: Андоновски вели стручноста ќе биде пред се

„Лицата попишани во странство нема да бидат дел од балансерот за вработување“: Андоновски вели стручноста ќе биде пред се

МИЦОТАКИС СЕ ЖАЛЕЛ ВО ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ ОД МИЦКОСКИ И СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА: „Директно го прекршуваат договорот од Преспа“

МИЦОТАКИС СЕ ЖАЛЕЛ ВО ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ ОД МИЦКОСКИ И СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА: „Директно го прекршуваат договорот од Преспа“

„Објект од загадувачка индустрија се гради на осумдесет метри од изворот на вода за пиење“: Левица за градбата во подножјето на Беласица

„Објект од загадувачка индустрија се гради на осумдесет метри од изворот на вода за пиење“: Левица за градбата во подножјето на Беласица

И ЗА ДЕНЕС МЕТЕОАЛАРМ: Еве каде ќе има невреме

И ЗА ДЕНЕС МЕТЕОАЛАРМ: Еве каде ќе има невреме

ДАЛИ ТАРАВАРИ ЈА ЗНАЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА И ДАЛИ ТАА МУ ПРЕЧИ? Еве каков одговор даде на ова прашање

ДАЛИ ТАРАВАРИ ЈА ЗНАЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА И ДАЛИ ТАА МУ ПРЕЧИ? Еве каков одговор даде на ова прашање

„НАЈИТНО ДА СЕ СТОПИРА ЦЕЛИОТ ПРОЦЕС ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ“: Џафероски вели целата процедура е „мафијашка“

„НАЈИТНО ДА СЕ СТОПИРА ЦЕЛИОТ ПРОЦЕС ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ“: Џафероски вели целата процедура е „мафијашка“

И ВЧЕРА НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Еве како изгледаше и што остана по него

И ВЧЕРА НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Еве како изгледаше и што остана по него