06 Јули, 2024
0.0302

Руските пари ќе стигнат за гасовод до Штип, но не и до Кавадарци

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Гасоводот Клечовце-Штип доби законска основа. Пратениците денеска го изгласаа Законот за реализација на инфраструктурниот проект за изградба на магистрален гасовод, делница Клечовце – Блок-станица 5, во близина на Штип, по скратена постапка. Проектот ќе се реализира врз основа на преговорите меѓу претставниците од Македонија и од Русија, врз основа на меѓувладината спогодба за порамнување на клириншкиот долг, од изведувачот ОАД „Стројтрансгас“ од Москва. „Изградбата на гасоводната делница ќе опфати изведување градежни, машински, електро-работи и катодна заштита на линиски дел од магистралниот гасовод со должина од 60,7 км, во чиј состав се седум блок-станици и отпремна чистачка станица, како и други работи кои ќе бидат предмет на регулирање со договор. Вкупната сума изнесува 75 милиони долари, што е според меѓувладината спогодба. Гасоводната делница ќе се гради по принципот клуч во рака“, рече заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини. За пратениците од СДСМ е нејасно зошто со парите од затворањето на клириншкиот долг проектот ќе се реализира само до Штип, а планот бил гасоводот да стигне до Кавадарци. „Обврска на Македонија е да учествува со 15 милиони долари. Од каде ќе се платат и дали е тоа конечната цена?“, праша пратеникот Јани Макрадули. Оваа делница е првата од планираната примарна гасоводна мрежа која треба да стигне до сите градови во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО СО ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО ВО ТЕТОВО: Се прегледуваат и снимкикте од видеонадзорот

ОБВИНИТЕЛСТВО СО ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО ВО ТЕТОВО: Се прегледуваат и снимкикте од видеонадзорот

РЕТКО ВИДЕНА СЛИКА НА „БОГОРОДИЦА“: За чудо нема гужва

РЕТКО ВИДЕНА СЛИКА НА „БОГОРОДИЦА“: За чудо нема гужва

ГО АЖУРИРАШЕ ФЕЈСБУК: Мехмедовиќ го смени работното место на социјалните мрежи, еве кој е тој и со какво искуство располага

ГО АЖУРИРАШЕ ФЕЈСБУК: Мехмедовиќ го смени работното место на социјалните мрежи, еве кој е тој и со какво искуство располага

ЕВЕ КОИ СЕ НОВИТЕ ДИРЕКТОРИ: Владата направи промени

ЕВЕ КОИ СЕ НОВИТЕ ДИРЕКТОРИ: Владата направи промени

ПУКАЛЕ ОД МЕРЦЕДЕС ПА ИЗБЕГАЛЕ: Убиство во Тетово

ПУКАЛЕ ОД МЕРЦЕДЕС ПА ИЗБЕГАЛЕ: Убиство во Тетово

КАМЕРИТЕ ЌЕ ГО СНИМААТ ВОЗИЛОТО, А НЕ ТОЈ ШТО ВОЗИ: Затоа внимавајте кому му го давате вашиот автомобил

КАМЕРИТЕ ЌЕ ГО СНИМААТ ВОЗИЛОТО, А НЕ ТОЈ ШТО ВОЗИ: Затоа внимавајте кому му го давате вашиот автомобил

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница?

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски за Судскиот совет вели дека нема повеќе удобни фотелји, туку одговорност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски за Судскиот совет вели дека нема повеќе удобни фотелји, туку одговорност

ГИР ЗА КОМЕНТАРОТ НА МИЦКОСКИ: Владеењето на правото е клучно за влез во Европската Унија

ГИР ЗА КОМЕНТАРОТ НА МИЦКОСКИ: Владеењето на правото е клучно за влез во Европската Унија