06 Јануари, 2025
0.0249

Руските пари ќе стигнат за гасовод до Штип, но не и до Кавадарци

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Гасоводот Клечовце-Штип доби законска основа. Пратениците денеска го изгласаа Законот за реализација на инфраструктурниот проект за изградба на магистрален гасовод, делница Клечовце – Блок-станица 5, во близина на Штип, по скратена постапка. Проектот ќе се реализира врз основа на преговорите меѓу претставниците од Македонија и од Русија, врз основа на меѓувладината спогодба за порамнување на клириншкиот долг, од изведувачот ОАД „Стројтрансгас“ од Москва. „Изградбата на гасоводната делница ќе опфати изведување градежни, машински, електро-работи и катодна заштита на линиски дел од магистралниот гасовод со должина од 60,7 км, во чиј состав се седум блок-станици и отпремна чистачка станица, како и други работи кои ќе бидат предмет на регулирање со договор. Вкупната сума изнесува 75 милиони долари, што е според меѓувладината спогодба. Гасоводната делница ќе се гради по принципот клуч во рака“, рече заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини. За пратениците од СДСМ е нејасно зошто со парите од затворањето на клириншкиот долг проектот ќе се реализира само до Штип, а планот бил гасоводот да стигне до Кавадарци. „Обврска на Македонија е да учествува со 15 милиони долари. Од каде ќе се платат и дали е тоа конечната цена?“, праша пратеникот Јани Макрадули. Оваа делница е првата од планираната примарна гасоводна мрежа која треба да стигне до сите градови во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова не го потпиша указот на измените на Законот за детска заштита, ДУИ се побуни

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова не го потпиша указот на измените на Законот за детска заштита, ДУИ се побуни

СООБРАЌАЈОТ НОРМАЛИЗИРАН: Oд Бунец до Леуново наизменично се пропуштаат возила

СООБРАЌАЈОТ НОРМАЛИЗИРАН: Oд Бунец до Леуново наизменично се пропуштаат возила

ГУЖВА: Колона возила со часови е заглавена кај Маврово

ГУЖВА: Колона возила со часови е заглавена кај Маврово

ЌАФАСАН: Во багажник на „БМВ" открилe лице, кое нелегално требало да биде пренесено на македонска територија

ЌАФАСАН: Во багажник на „БМВ" открилe лице, кое нелегално требало да биде пренесено на македонска територија

ДУИ ЗА ВЕТОТО ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Ова е отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците

ДУИ ЗА ВЕТОТО ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Ова е отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците

СДСМ: Претседателката не го потпиша указот за Законот за заштита на децата

СДСМ: Претседателката не го потпиша указот за Законот за заштита на децата

КУМАНОВО: Малолетник заврши во болница поради повреди од петарди

КУМАНОВО: Малолетник заврши во болница поради повреди од петарди

СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Левица предлага конкретни решенија за почист воздух

СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Левица предлага конкретни решенија за почист воздух

ПОРАЗИТЕЛНО: Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното во Скопје

ПОРАЗИТЕЛНО: Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното во Скопје