09 Јули, 2024
0.0284

Руските пари ќе стигнат за гасовод до Штип, но не и до Кавадарци

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Гасоводот Клечовце-Штип доби законска основа. Пратениците денеска го изгласаа Законот за реализација на инфраструктурниот проект за изградба на магистрален гасовод, делница Клечовце – Блок-станица 5, во близина на Штип, по скратена постапка. Проектот ќе се реализира врз основа на преговорите меѓу претставниците од Македонија и од Русија, врз основа на меѓувладината спогодба за порамнување на клириншкиот долг, од изведувачот ОАД „Стројтрансгас“ од Москва. „Изградбата на гасоводната делница ќе опфати изведување градежни, машински, електро-работи и катодна заштита на линиски дел од магистралниот гасовод со должина од 60,7 км, во чиј состав се седум блок-станици и отпремна чистачка станица, како и други работи кои ќе бидат предмет на регулирање со договор. Вкупната сума изнесува 75 милиони долари, што е според меѓувладината спогодба. Гасоводната делница ќе се гради по принципот клуч во рака“, рече заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини. За пратениците од СДСМ е нејасно зошто со парите од затворањето на клириншкиот долг проектот ќе се реализира само до Штип, а планот бил гасоводот да стигне до Кавадарци. „Обврска на Македонија е да учествува со 15 милиони долари. Од каде ќе се платат и дали е тоа конечната цена?“, праша пратеникот Јани Макрадули. Оваа делница е првата од планираната примарна гасоводна мрежа која треба да стигне до сите градови во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одобрено обвинението против четири лица за убиството на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одобрено обвинението против четири лица за убиството на Вања и Панче

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Трета странска инвестиција, американската Вабтек доаѓа во државата, 35 милиони евра и нови 100 вработувања

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Трета странска инвестиција, американската Вабтек доаѓа во државата, 35 милиони евра и нови 100 вработувања

AНДОНОВСКИ: Поддршката на медиумите ќе биде во насока на напредок и независност

AНДОНОВСКИ: Поддршката на медиумите ќе биде во насока на напредок и независност

ИМА ПОВРЕДЕНИ: Aвтобус на ЈСП излета од булеварот и се качи на жардиниера кај „Мавровка“

ИМА ПОВРЕДЕНИ: Aвтобус на ЈСП излета од булеварот и се качи на жардиниера кај „Мавровка“

MВР: Езерската полиција спаси две малолетни лица кои со кајак се превртеа во Охридско Езеро

MВР: Езерската полиција спаси две малолетни лица кои со кајак се превртеа во Охридско Езеро

MEЏИТИ: Не се укинува балансерот туку се унапредува

MEЏИТИ: Не се укинува балансерот туку се унапредува

СРЕДБА БОЖИНОВСКА - АГЕЛЕР: Поддршка од САД за размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката

СРЕДБА БОЖИНОВСКА - АГЕЛЕР: Поддршка од САД за размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката

КРИВИЧЕН ЗА СЛУЧАЈОТ СО УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Во целост прифатен обвинителниот акт за убиството, одбиени како неосновани приговорите на обвинетите

КРИВИЧЕН ЗА СЛУЧАЈОТ СО УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Во целост прифатен обвинителниот акт за убиството, одбиени како неосновани приговорите на обвинетите

Муцунски го осуди рускиот воздушен напад над детската болница во Киев

Муцунски го осуди рускиот воздушен напад над детската болница во Киев