Шест хотели каде може да престојувате бесплатно
Објавено во: Свет 28 Јуни, 2017
Британското издание The Guardian објави листа со хотели, каде што туристите можат да отседнат бесплатно во замена на широк спектар на услуги. Листата вклучува шест локации од различни делови на светот.
Меѓу нив е хотел Helga's Folly во Шри Ланка. Овој бутиков хотел со 30 соби се наоѓа во градот Кандил. Тука бесплатно можат да престојуваат уметници, специјализирани во фреските. За да си обезбедат покрив над главата гостите треба во половина ден да помагаат при цртање на ѕидовите.
Уметници, фотографи, музичари и други креативни личности се подготвени бесплатно да засолнат шест Хостели под општото име Mad Monkey на Филипините и Камбоџа. Како надомест од гостите се прифаќа организацијата на настани, помош со сајтот на хотелот или цртање на слики.
На грчкиот остров Крф хостелот Sunrock Backpackers нуди ноќевање бесплатно таму, ако сте подготвени другиот ден да помагате со домаќински задолженија или на фармата.
Без пари туристите можат да отседнат во крајбрежниот хостел Piha Beachstay во Окланд, Нов Зеланд. Како отплаќање на услуги тие можат да се вклучат во уредување на градината и да учествуваат во проекти за заштита на животната средина.
Гостите на The Place во Јужна Африка исто така обезбедуваат засолниште во замена за секаква работа со раце, вклучувајќи и на фармата и во градината.
За да преноќевате во еко хотел Casa Mermejita во Мексико, туристите треба да направат скулптура од песок или камења, со која ќе го аранжираат уметничкото игралиште на хотелот.