27 Мај, 2024
0.0234

ШТО ГО КОЧИ ГРАДЕЖНИШТВОТО – Се намалуваат примамливите локации, има вишок станови, еве какви се очекувањата за цените!

Објавено во: Економија 18 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

По ударот од пандемијата, градежниот сектор е еден од секторите кои не успеават целосно да закрепнат од кочницата која се наметна по ковид кризата. Поради поскапувањата на материјалите, но и недостигот на работници, што наметна и потреба од раст на платите, овој сектор во Македонија иако имаше одредени подеми, се уште не успева да се врати на патеките пред пандемијата. 

Дополнително, загрижува и фактот што нема индикации кои упатуваат дека наскоро, некогашниот мотор на македонската економија ќе земе замав. 

Последните податоци на Државниот завод за статисика велат дека во текот на месец јули годинава биле издадени 280 одобренија за градба, што е дури 33,6 проценти помалку отколку во текот на истиот месец минатата година. Слична тенденција беше забележана и во текот на месец јуни кога биле издадени 242 одобренија, при што имало пад во вкупниот број на издадени одобренија за дури 12,6 отсто во споредба со истиот месец претходната година. Нешто пооптимистични бројки го краселе градежниот сектор во месец мај кога биле издадени 317 одобренија, каде бил забележан пад од само 1,9 проценти во однос на претходната година, додека пак во април имало пад од 2,1 отсто. Иако првите три месеци од годината се чинеше дека градежништвото ќе земе замав, бидејќи имаше поголем број одобренија за градба во споредба со истите месеци минатата година, сепак, бројките за реализација говорат дека секторот работи се многу намален интензитет. 

Макроекономскиот мониторот на Институтот за економски анализи „Фајненс тинк“ покажува дека во вториот квартал од годинава, БДП се зголеми за 1,1 отсто на годишна основа, што претставува забавување на економската динамика во однос на претходниот квартал. 

- Овој пад е во линија со забавената активност и негативните стапки на раст на економиите од главните трговски партнери. Сепак, секторски, само градежништвото забележа драматичен пад (-21,8 проценти), додека другите сектори растеа со слична или побрза динамика споредено со крајот од претходната и почетокот од годинава – се наведува во анализата. 

Познавачите на градежниот сектор, но и долгогодишни учесници во истиот за Фактор потврдуваат дека секторот сега се наоѓа во одредена намалена деловна активност, што се должи на повеќе фактори. 

Нашиот соговорник, Никола Велковски, појаснува оти кон намалените активнсоти во секторот уддел има недостигот на работна сила, скапите градежни материјали, но и намалување на примамливи локации за градба, што посебно се однесува на главниот град. 

- Моменталната состојба во градежништвото е следна. Точно е дека има намалување на интензитетот на станбено деловната градба и тоа од следниве причини. Пред се има се помалку квалитетни и слободни локации за градба во деловите од главниот град кои се интереси и профитабилни за градба. Тие што ги има или имаат нерешени и замрсени имотно правни односи помеѓу сосопствениците и заради тоа стојат или пак сопствениците бараат нереални услови за продажба на градежните парцели – појаснува Велковски. 

Тој за Фактор поврди дека овој период се чуствува и намалување на интересот за купување станови или деловни простории, што влијае и врз цената на станбен квадрат, што според него може да води кон пад на цените. 

- Сега веќе има застој во побарувачката на станови, бидејќи се скапи, а кредитните услови се влошени. Дополнително на пазарот има доста направени, а непродадени станови. Цената за градба е скапа, бидејќи поскапе работата рака, а уште поголем проблем е што ја нема, па затоа цените на становите и на деловните простории мируваат, но градежниците се во неможност да ги продадат и веќе размислуваат за некакви мали намалувања на цената на становите и деловните простории – укажува Велковски. 

 П.О.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЛЕ ДЕВЕТ ГОДИНИ ГО МЕНУВААТ ДИРЕКТОРОТ - Бенедикт Шилдбред застанува на чело на „Теленор“

ПОСЛЕ ДЕВЕТ ГОДИНИ ГО МЕНУВААТ ДИРЕКТОРОТ - Бенедикт Шилдбред застанува на чело на „Теленор“

ЕУ КАЗНИ АМЕРИКАНСКИ ГИГАНТ СО РЕКОРДНИ 337,5 МИЛИОНИ ЕВРА - вештачки ги држел високи цените на популарната чоколада на штета на потрошувачите

ЕУ КАЗНИ АМЕРИКАНСКИ ГИГАНТ СО РЕКОРДНИ 337,5 МИЛИОНИ ЕВРА - вештачки ги држел високи цените на популарната чоколада на штета на потрошувачите

РАБОТНИЦИТЕ НА ОВАА ГЕРМАНСКА ФИРМА ДОБИВААТ ГОЛЕМ БОНУС - компанијата им дава над 40 илјади евра

РАБОТНИЦИТЕ НА ОВАА ГЕРМАНСКА ФИРМА ДОБИВААТ ГОЛЕМ БОНУС - компанијата им дава над 40 илјади евра

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарала гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарала гаранции од италијанскиот претседател