ШТО ЈА ПИШМАНИ: Швајцарија го повлекува барањето за влез во ЕУ
Објавено во: Свет 16 Јуни, 2016
Швајцарија ќе го повлече своето барање за пристапување кон ЕУ, поднесено во 1992 година.
Таквата одлука ја донел Советот на кантоните или долниот дом на швајцарскиот парламент.
Така таа се приклучи кон аналогно решение на горниот дом - Националниот совет, усвоено во март.
За повлекување на барањето гласале 27 пратеници, а 13 против .
Во Националниот совет во март одлуката беше донесена со 126 гласа „за“, 46 против и 18 воздржани.
Барањето за влез ва ЕУ беше поднесено во мај 1992 година, но во пракса тоа ја загубило актуелноста по последниот референдум во декември истата година кога Швајцарците рекоа „не“ на влезот на нивната земја иако со незначителна разлика (50,3%) беше одлучено прашањето за тоа треба ли да се повлече барањето.
За повлекување на ова барање инсистирала најмногу десната конзервативна Швајцарска народна партија, која е за строго почитување на неутралноста и смета дека приближување до ЕУ ќе значи закана за суверенитетот на земјата.