Шведска ги затегнува правилата за добивање азил
Објавено во: Свет 21 Јуни, 2016
Шведскиот парламент денеска усвои построги правила за кандидатите за азил, а воедно не се дава веќе постојан престој на сите луѓе.
Предлог-законот беше усвоен со 240 гласа "за" и 45 "против". Коалициската влада на социјалдемократите и зелените ја доби и поддршката на антиимигрантските партија "Шведски демократи" и конзервативната Умерена коалициска партија.
Покрај тригодишно жителство за повеќето бегалци мерките предвидуваат ограничување на собирањето на семејства. Новите правила влегуваат во сила од 20 јули и ќе се применуваат за сите луѓе кои пристигнале по 24 ноември, кога владата зазеде поцврст став.
Невладините организации го критикуваа новото законодавство, пренесуваат медиумите.
Владата соопшти дека мерките се неопходни, бидејќи во Шведска веќе пристигнаа 163 000 кандидати баратели на азил минатата година.