Силен земјотрес во Иран - десетици повредени
Објавено во: Свет 01 Декември, 2017
Земјотрес од 6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Иран, при што повредени се десетици луѓе и причинета е значителна материјална штета, јавија иранските медиуми.
Оштетени се десетици објекти во зафрлени планински села близу епицентарот, во градот Хоџек, на околу 1.100 километри југоисточно од главниот град Техеран.
Овој град, околу кој има фарми и рудници за јаглен често е погодуван од земјотреси, а има 3.000 жители.
Според иранските медиуми, повеќето од 42 повредени се со полесни повреди, а најмногу од нив се повредиле при бегањето за да најдат засолниште.
Оформен е кризен штаб, а на лице место се упатени екипи на Црвениот крст и полицијата.
По посилниот земјотрес имало помали потреси од 5,1 и 4 степени.
Според надлежните патиштата се блокирани, а ѕидовите од куќите се паднати.
Во ноември земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди западен Иран при што загинаа 530 луѓе, а земјотрес со јачина од 6,6 степени во 2003 година го срамни со земја градот Бам, кога загинаа 26.000 луѓе.