Со европски пари ќе се менува ликот на 10 железнички станици

Објавено во: Македонија 01 Април, 2013 20:11
Според најавите на министерот за трaнспорт и врски Миле Јанакиески, до крајот на годинава или најдоцна на почетокот на следната целосно ќе бидат реновирани 10 руинирани железнички станици во Македонија. Освен Железничката станица во Велес, нов лик ќе добијат и станиците во Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино.
„Проектите се целосно изработени и се прави ревизија, а во мај годинава, документцијата ќе се достави до ЕУ бидејќи реновирањето на овие железнички станици ќе се финансира со средства од европските фондови. Кон крајот на мај и почетокот на јуни се надевам дека ќе почне и постапка за избор на градежна компанија, која ќе ги изведува работите. Воедно, сме во постапка за избор на изведувач за реновирање на железничката станица во Скопје“, изјави денеска Министерот Јанакиески за време на посетата на железничката станица во Велес.
Јанакиески информираше и дека Владата, односно Европската банка ангажирала консултант, кој прави целосна ревизија на целокупната тендерска документација за набавка на 150 товарни и шест патнички вагони. Очекуваат за три месеци да почне постапката за избор на компанија која ќе ги доставува вагоните, најдоцна во рок од 24 месеци.
ФОТО: build.mk
Можеби ќе ве интересира
ЌЕ ИМА ПОРОЕН ДОЖД: Во следните денови очекувајте променливо и посвежо време

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕ РАКУВАШЕ СО МЕЛАНИЈА ТРАМП: Папата Франциск го вложи сиот свој духовен капацитет и морален интегритет во решавањето на проблемите на обичните луѓе

ЧЕСТО НА ЗАПАД, РЕТКОСТ КАЈ НАС: Дали би читале книга на јавно место?

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа
