Со европски пари ќе се менува ликот на 10 железнички станици

Објавено во: Македонија 01 Април, 2013 20:11
Според најавите на министерот за трaнспорт и врски Миле Јанакиески, до крајот на годинава или најдоцна на почетокот на следната целосно ќе бидат реновирани 10 руинирани железнички станици во Македонија. Освен Железничката станица во Велес, нов лик ќе добијат и станиците во Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино.
„Проектите се целосно изработени и се прави ревизија, а во мај годинава, документцијата ќе се достави до ЕУ бидејќи реновирањето на овие железнички станици ќе се финансира со средства од европските фондови. Кон крајот на мај и почетокот на јуни се надевам дека ќе почне и постапка за избор на градежна компанија, која ќе ги изведува работите. Воедно, сме во постапка за избор на изведувач за реновирање на железничката станица во Скопје“, изјави денеска Министерот Јанакиески за време на посетата на железничката станица во Велес.
Јанакиески информираше и дека Владата, односно Европската банка ангажирала консултант, кој прави целосна ревизија на целокупната тендерска документација за набавка на 150 товарни и шест патнички вагони. Очекуваат за три месеци да почне постапката за избор на компанија која ќе ги доставува вагоните, најдоцна во рок од 24 месеци.
ФОТО: build.mk
Можеби ќе ве интересира
НА 43 ГОДИШНА ВОЗРАСТ ПОЧИНА ИВАН ИЛИЕВ, ЕДЕН ОД НАЈНЕОБИЧНИТЕ МАКЕДОНСКИ ФОТОГРАФИ - во последните години живеел во Сан Франциско

„ВИЕ НЕ ПОНУДИВТЕ МОТИВ ЗОШТО Е СТОРЕНО ДЕЛОТО, АЛЕКСАНДАР ГО ИМА НАЈСКАПИОТ ИМОТ“ - Палчо тврди дека обвинението против него е недокажано и нелогично

ОБВИНИТЕЛИТЕ ГИ ПОВИКУВААТ НА СРЕДБА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД КОЧАНИ - ќе можат да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка

Скопски таксист седеше на возилото за да го одбрани од пајак

Ивановска ја повика Димитровска да си поднесе оставка како претседателка на ДКСК

„ОВА Е КЛУЧЕН МОМЕНТ НЕ САМО ЗА УСТАВНИОТ СУД, ТУКУ И ЗА ВАШИТЕ КОЛЕГИ НАСЕКАДЕ ВО СУДСТВОТО“: амбасадорката Агелер со јасна порака
„НОВА ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗБОР НА НАДВОРЕШНИ ЕКСПЕРТИ“: Националната агенција за европски образовни програми со мерки против корупцијата
