Со европски пари ќе се менува ликот на 10 железнички станици

Објавено во: Македонија 01 Април, 2013 20:11
Според најавите на министерот за трaнспорт и врски Миле Јанакиески, до крајот на годинава или најдоцна на почетокот на следната целосно ќе бидат реновирани 10 руинирани железнички станици во Македонија. Освен Железничката станица во Велес, нов лик ќе добијат и станиците во Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино.
„Проектите се целосно изработени и се прави ревизија, а во мај годинава, документцијата ќе се достави до ЕУ бидејќи реновирањето на овие железнички станици ќе се финансира со средства од европските фондови. Кон крајот на мај и почетокот на јуни се надевам дека ќе почне и постапка за избор на градежна компанија, која ќе ги изведува работите. Воедно, сме во постапка за избор на изведувач за реновирање на железничката станица во Скопје“, изјави денеска Министерот Јанакиески за време на посетата на железничката станица во Велес.
Јанакиески информираше и дека Владата, односно Европската банка ангажирала консултант, кој прави целосна ревизија на целокупната тендерска документација за набавка на 150 товарни и шест патнички вагони. Очекуваат за три месеци да почне постапката за избор на компанија која ќе ги доставува вагоните, најдоцна во рок од 24 месеци.
ФОТО: build.mk
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање

СЕМЕЈСТВОТО Е МНОГУ БЛАГОДАРНО: Директорката на болницата од Италија дојде во Штип да го види пациентот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам

МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество
