11 Мај, 2024
0.0254

 Со овој тоник од глуварчиња ќе ја подобрите работата на желудникот

Објавено во: Стил 21 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Глуварчето поседува уникатни, но малку познати својства поради кои тоа е исклучително корисна билка за нашето здравје.

Многу луѓе страдаат од проблеми со желудникот, бидејќи не се хранат редовно, не се хранат здраво или не ја обработуваат (џвакаат) храната доволно добро. На помош доаѓа овој корисен тоник кој се подготвува од глуварчиња. Покрај што е убаво, жолтоглавото полско цвеќе е и исклучително корисно за нашето здравје. Докажани се придобивките на глуварчето за желудникот, за крвта, бубрезите и црниот дроб. Глуварчето е богато со железо, содржи многу минерали и вредни супстанции како калциум, антиоксиданти, витамини. Истовремено, луѓето кои се вегетаријанци преферираат глуварчето да го стават и на својата трпеза поради корисните својства. Денес ви пренесуваме рецепт за подготовка на тоник, со помош на кој ќе ја подобрите работата на желудникот и ќе го прочистите црниот дроб. Тој се подготвува од следниве состојки: 2 раце листови од глуварчиња; 1 краставица; 3 моркови; ½ грејпфрут или лимон - по избор. Начинот на подготовка на чудесната течност е следниов: Сите состојки треба да бидат многу добро измиени и исчистени. Исечете на соодветни парчиња, за да можете да ги пресирате. Ставете ги во блендер и ќе добиете магичнатечност. Овој тоник задолжително треба да се конзумира во свежа состојба веднаш откако бил исцеден. Можете да продолжите овој вид на лекување на желудникот и прочистување на црниот дроб во текот на една недела секој ден, но по овој период треба да направите пауза од една недела. Докажано е дека освен на желудникот и црниот дроб, овој тоник влијае многу добро на бубрежни проблеми и камења во бубрезите. Се препорачува да се зема од луѓе со високи нивоа на шеќер во крвта, бидејќи тој влијае добро на дијабетесот. Го намалува нивото на лошиот холестерол. Со оваа чудесна течност ќе забележите како ќе се исчисти и кожата на вашето лице. Благодарение на глуварчето, ќе почувствувате тонирање на цело тело, минерализирано и пречистено. Освен со помош на глуварчиња, вие можете да им верувате и на "Гастро макс", кога имате проблеми со стомакот.