Добивај вести на Viber
Прилеп ќе гради стаклена пирамида со футуристички дизајн, објект што наскоро ќе се најде на плоштадот „Александрија”. Современиот проект е замислен со мултинаменска примена, па така во него ќе биде сместена современа кино сала со 3 Де проекција, ќе има симулирање на планетариум, а ќе биде користен и за литературни средби, најразлични поетско-драмски читања, потоа како место за културно – книжевни промоции, а и како центар за регистрација на идните брачните парови.
Како што информираат од општината, дизајнот на овој објект замислен е како челична конструкција во комбинација со стакло, а неговиот дизајн ги воодушеви сите љубители на модерната архитектура.
Надворешните пирамидални зидови ќе бидат со димензии 10 x 10 м, а висината 12 м. Внатрешноста на ова мултимедијално плато ќе изнесува 200м2, а ќе се пристапува со скали и пристапна рампа од страната на тротоарот на Булеварот. Неговата изградба е предвидена за втората половина од годината.