10 Мај, 2024
0.0263

СЗО до Сиријците: Заборавете на бомбите и хуманитарната катастофа, треба да сте загрижени од цигарите

Објавено во: Свет 21 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Масовен гнев се прошири по предупредувањата од СЗО за опасностите од пушењето - кон луѓето кои во моментов бегаат од бомби, гранати и ИСИС. Последниве се всушност на иста страница со СЗО во поглед на ова прашање.

Јавноста, медиумите и експертите се шокирани од последното предупредување издадено од Светската Здравствена Организација до Сирискиот народ, во кое се вели дека мора да прекинат со пушење. Секако, во некои други времиња ова би можело да биде целосно оправдано, меѓутоа да не заборавиме на бројот на загинати, кој забрзано со доближува до 300.000 жртви во најкрвавата граѓанска војна во светот во моментов.

Агенцијата за здравје на ОН изјави дека “без разлика на моменталната криза во земјата, конзумирањето на тутун и шиша од наргиле го загрозуваат здравјето и идниот живот на пушачите и луѓето околу нив”. Тие исто така повикаа на воведување на унифицирано пакување на цигарите, со цел да “се намали атрактивноста и гламурот” на брендовите цигари.

Британискиот Индепендент пред една седмица објави сторија за овој случај, пишувајќи, “Вашиот дом можеби е во пламења, вашето семејство може е заробено, вашите мачители посегнуваат да ви ги извадат ноктите - но над се, мора да ја игнорирате кутијата цигари во вашиот џеб”. Тие не се единствениот глобален медиум кој реагира на оваа бесмисленост, која не можеше да дојде во понесоодветен временски период. Другите медиуми, како и организаии, институции, политичари и граѓани се придружија во лутината од оваа “крајно нечувствителна” изјава, која доаѓа од организација, чии приоритети се “целосно погрешни”.

Британскиот Парламентарец Најџел Фараџ исто така се осврна кон изјавата, искажувајќи загриженост за приоритетите на меѓународната организација, која е финансисрана од парите на граѓаните од целиот свет. “Доколку живеев во Сирија, ќе бев далеку позагрижен за ризиците од Исламската Држава, отколку од смирувачка цигара”. Неколку Британски асоцијации на плаќачи на данок ја повикаа Британската Влада да престане да ја финансира СЗО од парите на граѓаните, се додека организацијата не одлучи да си ги среди приоритетите.

Додека СЗО издаваат корисни, но во моментов неконструктивни реакции без срам, и даваат совети од топлината на своите кожени фотелји во Женева, Сирискиот народ се во постојана опасност од бомби, проектили, автомобили-бомби, мачење и колење. Индепендент го нарекува ова “најнесоодветниот момент во историјата, каде на светот му беа прикажани ОН во своето најдобро канцерогено светло”. А не се далеку од вистината. Наместо да обрнат внимание на распаднатиот здравствен систем во земјата, кој се влошува од ден во ден, му недостасуваат основни ресурси, пред се материјали, простории и персонал, кои исто така би биле безбедни (Сириските болници се постојано мета на бомбардирање), наместо залагање за делење на чисти и санитетски производи на Сирискиот народ - вклучувајќи ги и бегалските кампови, наместо да го искористат својот авторитет како највисока здравствена организација на глобално ниво, со цел да повикаат на подигнување на здравствените стандарди барем на основно ниво, очигледно цигарите се (повторно) најголемиот проблем според СЗО. Или се само алатка за свртување на окото на јавноста од гореспоменатите услови кои недостасуваат, а требало да бидат повеќе или помалку обезбедени од СЗО?

Сепак, пред почетокот на војната, Сириската влада иницирала неколку кампањи против тутунот и го забранила пушењето во одредени државни институции, што речиси не дало никаков ефект кон 60% од мажите и 23% од жените, кои се активни пушачи. Сепак, обидот не пропадна целосно; слична кампања беше понатаму преземена и продолжена од никој друг, туку ИСИС. Дополнително, тие лесно може да се опишат како најголемите противници на цигари во модерниот свет: казната за цигара во рака или во џеб е, според најдоброто сценарио - казна од 20$, иако сепак поверојатната “награда” се 20 камшици со челична жица.

Една работа е сигурна - кога организација на ОН и ИСИС се на иста страница - нешто е навистина многу, многу погрешно.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија