20 Мај, 2024
0.0305

ТЕНДЕР: МВР купува чоколади за 77.000 евра

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша тендер за набавка на чоколади за сума од околу 77.000 евра.

Огласот, како што може да се види на електронскиот систем за јавни набавки, е објавен на 6 октомври, а заинтересираните фирми понудите можат да ги достават најдоцна до 26 октомври, пренесува агенцијата МЕТА.

Како што стои во огласот, предмет на јавна набавка се „чоколади по спецификација“, а проценетата вредност на набавката без ДДВ изнесува 4.743.000 денари или околу 77.122 евра.

Од Министерството побаравме, но не добивме одговор на прашањето зошто МВР набавува толку чоколади и за какви потреби, пишува гореспоменатиот медиуми.

Инаку, просечната цена на една чоколада од 100 грама, набавена на големо, е околу 40 денари, што, пресметано, би значело дека МВР бара да набави повеќе од 100.000 чоколади.

Во условите во огласот, меѓу другото, МВР од фирмите бара референтна листа на извршени испораки во последните три години, за стоки од ист или сличен вид и минимум една потврда за квалитетно извршување на договори од референтната листа, издадени од нарачатели или корисници.

Исто така, се бара доказ дека фирмата располага со возило за превоз на стока и дека има персонал од најмалку две лица за испорака.

Договорот за испорака на чоколади е со траење во период од една година, односно 12 месеци, стои во огласот.

Инаку, чоколадите во преносна смисла беа споменати и во еден од прислушуваните разговори меѓу министерот за финансии, Зоран Ставрески, и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во една од „бомбите“ што ги објави опозицискиот СДСМ.

Јанкулоска и Ставрески разговараат за буџетските дупки и за непродуктивните трошења на државни пари.

Министерот за финансии во еден момент ѝ вели на својата колешка од МВР: „Горде, Америка да бевме немаше да издржиме. Патеки околу ова, патеки околу она, аква-паркови, не знам што правиме. Ние сме лудаци. Ова што го правиме е ненормално. Треба да разбереме дека е ненормално. Трошиме на чоколада, а немаме леб дома. Тоа го правиме ние“.

Извор: (МЕТА)

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра