Тужбата против Шилегов на Ивона Талеска падна на суд
Објавено во: 22 Јуни, 2016
Нова ТВ јави дека Ивона Талевска, ја загубила тужбата за клевета и навреда која ја поднесе против Петре Шилегов од СДСМ.
Тужбата на главната уредничка во дневниот весник „Вечер“ и уредник во телевизијата „Сител“ се однесуваше за прес конференциите на Шилегов во врска со договорот за набавка на медицинска опрема во вредност од милион евра на фирма на мајкатата на Талевска со министерството за здравство.
Во пресудата се наведува дека наводите на Шилегов всушност ги потврдил и самиот министер Никола Тодоров, кој јавно посочи дека овој договор е неетички па затоа и го раскинал.
-Секогаш кога ние ќе увидиме дека има определена работа, која што е спротивна на нашите морални или етеички вредности, ние презимаме мерки. Тоа е мерката што ја преземавме. Го раскинавме договорорт. До тука сум веројатно целосно јасен – рече Тодоров.
Судијата Нухи Рустеми во пресудата наведува дека дека Судот цени оти со оваа изјава на Тодоров се потврдува вистинитоста на фактите содржани во изјавите на Шилегов, а со која, според него, се исклучува одговорноста за наводната навреда и клевета.
„Тужителката влегува во личности од јавниот живот, чиј праг на толеранција е поголем за разлика од кај приватните лица, а тужениот како портпарол на политичка партија само презентирал на јавноста документи издадени од државни органи од кои се увидува фактичката ситуација“, пишува во пресудата.