11 Мај, 2024
0.0232

(ВИДЕО) Мажите кои имаат брада после ова би требало да се замислат

Објавено во: Стил 04 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Брадите во поселедните години се во мода. Подеднакво ги сакаат и мажите и жените. Но, судејќи според истражувањето на едне лекар од Ново Мексико, некои сопственици и не се склони кон нивно негување.

Микробиологот Џон Голобиќ од „Quest Diagnostica“ ја анализирал низата на брадата во потрага по бактериите. Резултатите го шокирале.

-Ретко нешто да ме изненади како што ми се случи со оваа анализа- изјавил Голобиќ откако во примероците земени од неколку бради пронашол бактерии кои се пронаоѓаат во вц школките или во фекалиите.

Иако повеќето бради содржат вообичаени бактерии, некои биле толку нечисти што лекарот се пошегувал како би требало да ги исчисти со средства за дезинфекција.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/YehOfHRrkIY[/embed]

-Толкава стапка на нечистотија вознемирува - рекол Голобиќ а сопствениците на најпосакуваниот украс на машкото лице им порачал брадите редовно да се перат и одржуваат, а нечистите раце да се држат што подалеку.