11 Мај, 2024
0.0250

(ВИДЕО) Погледнете ја првата реклама снимена во Југославија во 1926 г.

Објавено во: Стил 03 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Првата реклама снимена некогаш во Кралството Југославија ќе ви пренесе дел од духот на едно изгубено време ...

Иако денес реклами гледаме секаде, ретко имаме прилика да видиме какви биле почетоците на огласување на подвижни слики на овие подарчја.

Поради тоа снимки на реклами од 1926 година за забна паста „Kušaković Kalodont“ претставува вистинско освежување. Рекламата трае дури 7 минути и 42 секунди, а е снимена во предвоениот Белград, кој тогаш била значајна точка на културната мапа на Европа за 20 век.

Тоа било доба на надреализмот, женитизмот и модернизацијата. Ликот на Милица во рекламата го толкува Љубица Буба Велковиќ, чие уметничко име било Анита Мир, додека Наталија ја глумела познатата театарска глумица Невенка Урбанова, која остварила преку 150 улоги и која за предвоената генерација на гледачи била жена со „еротска интелигенција“.

Милица во оваа реклама одлучува да се посоветува со Наталија околу својот проблем, а Наталија и открива дека решението е едноставно и дека лежи во користење на забна паста. Рекламата ја режирал Јосип Новак и настанала во продукција на „Победа на филмот“, а се прикажувала во тогашните кина.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/2GGhKBek93c[/embed]