(ВИДЕО-ФОТО) УЖАСНИ ДЕТАЛИ ОД ПОЖАРОТ ВО ПАРИЗ: Луѓе бегале на крововите за да се спасат
Објавено во: Свет 05 Февруари, 2019
Седуммина загинаа, а безмалку 30 лица се повредени во пожарот кој зафатил неколкукатна зграда во Париз.
Жителите на луксузен квартал морале да се качат на кровот за да избегаат од чадот и пламенот додека спасувачките екипи се бореле против пожарите.
Многумина повикувале на помош од своите прозорци.
Како што се додава, пожарникари дошле на местото на пожарот во раните утрински часови, бидејќи пожарот зафатеил неколку катови од осумкатница во Париз.
-Бројот на жртви би можел да се зголеми бидејќи пожарот е сеуште активен на 7 и 8 кат вели портпаролот на пожарната служба на местото на настанот.