Добивај вести на Viber
Виктор Лилчиќ ќе биде нов директор на Управата за заштита на културно наследство. Владата на вчерашната седница и официјално го констатирала престанокот на мандатот на досегашниот директор Паско Кузман, кој моментално е во домашен притвор.
Кузман пред неколку месеци ги исполни условите за старосна пензија, но, остана на чело на институцијата до назначувањето на новиот директор.
Виктор Лилчиќ е професор на Филозофскиот факултет и доктор на археолошки науки. Тој самиот се пријавил на првиот јавен повик на Владата за ангажман на раководни функции.