21 Мај, 2024
0.0272

Владата најави нова инвестиција и 250 вработувања

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Вкупна инвестиција од 250 милиони евра за четири години и 250 нови вработувања само во првата фаза предвидува договорот за концесија за експлоатација на бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол што денеска го потпишаа министерот за економија Беким Незири и менаџерите на компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ – Скопје.

Согласно договорот, најпрво ќе се гради фабрика за катоден бакар со капацитет од 4.000 тони годишно, а геолошките истражувања продолжуваат на уште два локалитета каде се планира изградба и на објекти за финални производи.

- Владата продолжува со активностите за привлекување странски инвестиции кои имаат позитивен ефект врз растот и развојот на економијата. Компанијата САРДИЧ со англиско-украински капитал во првата фаза од проектот ќе вложи 25 милиони евра и ќе вработи 250 лица, но плановите не застануваат тука, рече министерот Незири пред потпишувањето на договорот.

Како што информира извршниот управител на компанијата Генадиј Сичов, изградбата на фабриката почнува во мај, а производството треба да стартува најдоцна до крајот на годинава.

- Експлоатацијата на бакарната руда ќе се врши со најсовремена технологија, според сите еколошки стандарди, без какви било влијанија на животната средина, напомена Сичов.

Бакарните катоди ќе бидат наменети за македонскиот пазар, но дел и ќе се извезува. Се очекува приливот на средства во државата да изнесува околу два милиона евра.

Во подготвителните активности за целиот процес САРДИЧ досега вложи пет милиони евра.

Компанијата во јануари минатата година по електронското наддавање го доби тендерот за детални геолошки истражувања во рудните наоѓалишта Казандол, Плавуш и Петрошница. Истражувањата завршија во рекордно време и беа изготвени потребните елаборати. Новиот капацитет на САРДИЧ ќе користи напредна, веќе разработена технологија за извлекување бакар. Станува збор за специфичен процес во затворен циклус на извлекување и преработка со електролиза без испуштање какви било гасови, течности или тврди отпадоци во околината.

Можеби ќе ве интересира

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво