24 Јуни, 2024
0.0308

Владата најави нова инвестиција и 250 вработувања

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Вкупна инвестиција од 250 милиони евра за четири години и 250 нови вработувања само во првата фаза предвидува договорот за концесија за експлоатација на бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол што денеска го потпишаа министерот за економија Беким Незири и менаџерите на компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ – Скопје.

Согласно договорот, најпрво ќе се гради фабрика за катоден бакар со капацитет од 4.000 тони годишно, а геолошките истражувања продолжуваат на уште два локалитета каде се планира изградба и на објекти за финални производи.

- Владата продолжува со активностите за привлекување странски инвестиции кои имаат позитивен ефект врз растот и развојот на економијата. Компанијата САРДИЧ со англиско-украински капитал во првата фаза од проектот ќе вложи 25 милиони евра и ќе вработи 250 лица, но плановите не застануваат тука, рече министерот Незири пред потпишувањето на договорот.

Како што информира извршниот управител на компанијата Генадиј Сичов, изградбата на фабриката почнува во мај, а производството треба да стартува најдоцна до крајот на годинава.

- Експлоатацијата на бакарната руда ќе се врши со најсовремена технологија, според сите еколошки стандарди, без какви било влијанија на животната средина, напомена Сичов.

Бакарните катоди ќе бидат наменети за македонскиот пазар, но дел и ќе се извезува. Се очекува приливот на средства во државата да изнесува околу два милиона евра.

Во подготвителните активности за целиот процес САРДИЧ досега вложи пет милиони евра.

Компанијата во јануари минатата година по електронското наддавање го доби тендерот за детални геолошки истражувања во рудните наоѓалишта Казандол, Плавуш и Петрошница. Истражувањата завршија во рекордно време и беа изготвени потребните елаборати. Новиот капацитет на САРДИЧ ќе користи напредна, веќе разработена технологија за извлекување бакар. Станува збор за специфичен процес во затворен циклус на извлекување и преработка со електролиза без испуштање какви било гасови, течности или тврди отпадоци во околината.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Еве колку ќе плаќаат сега возачите за бензин и дизел

УШТЕ ЕДНО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Еве колку ќе плаќаат сега возачите за бензин и дизел

Ветерниот парк на „Алказар Капитал“ е првата инвестиција што ќе ја објави Мицкоски

Ветерниот парк на „Алказар Капитал“ е првата инвестиција што ќе ја објави Мицкоски

Новата министерка за финансии започна со работа

Новата министерка за финансии започна со работа

Дали е ова скопскиот Ворен Бафет? Од дивиденди на вложувања во акции заработи 233.000 евра!!!

Дали е ова скопскиот Ворен Бафет? Од дивиденди на вложувања во акции заработи 233.000 евра!!!

ДАЛИ ЌЕ ИМ УСПЕЕ? И новата власт ќе му нуди државни административци на приватниот сектор

ДАЛИ ЌЕ ИМ УСПЕЕ? И новата власт ќе му нуди државни административци на приватниот сектор

„Европа ги прави работите поинаку“: германскиот министер за економија во Пекинг за царините на ЕУ

„Европа ги прави работите поинаку“: германскиот министер за економија во Пекинг за царините на ЕУ

Светот доби нова број еден највредна компанија, за еден месец ги мина Google и Microsoft

Светот доби нова број еден највредна компанија, за еден месец ги мина Google и Microsoft

Чаушевски: Во Албанија и Црна Гора има голем број туристи кои се спасуваат од жештини, затоа им падна системот

Чаушевски: Во Албанија и Црна Гора има голем број туристи кои се спасуваат од жештини, затоа им падна системот

„Активирани се сите механизим за да нема домино ефект кај нас“: Бислимовски вели ова е доказ за „испреплетеноста на системот“

„Активирани се сите механизим за да нема домино ефект кај нас“: Бислимовски вели ова е доказ за „испреплетеноста на системот“