01 Ноември, 2024
0.0125

ВМРО-ДПМНЕ со ист став за снимките на Заев

Објавено во: 22 Април, 2015

Добивај вести на Viber

После денешната прес конференцијата на опозицијата, од владеачката партија остануваат со ист став за аудио снимките кои веќе три месеци ги објавува СДСМ.

Имен, во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ  се наведува дека со денешната прес конференција Заев и СДСМ докажале дека  сето ова е дел од нивното пошироко сценарио за дестабилизација, оцрнување на државните институции преку објавување на сечени, монтирани и прилепувани материјали кои се прикажуваат во манипулативен контекст

„Денес е јасно на сите дека срамната приказна со венецот на Бојран е измислена и е во функција на сценариото за денешниот прес што само ја покажува монстроузноста и моралниот дефект на раководството на СДСМ и на новинарите кои што работат во соросовите медиумите во Македонија кој што се директни учесници во мрачните игри на раководството на СДСМ. Оттука денеска дознавме дека всушност Зоран Заев се крие зад здружението Тодор Александров кое наводно го пратило венецот кај Борјан за да исценриаат однапред испланиран настан и да се соберат лица кои што се финансирани од соросовата фондација и раководството на СДСМ.

И ние како ВМРО-ДПМНЕ, кои што со загриженост го испративме вчерашното соопштение, сме наседнале на евтина финта и на тоа наседнаа и оние граѓани кои што за момент поверуваа дека тоа со венецот на Борјан навистина се случило, при што на еден трагичен начин си го вмеша и своето семејство и се поигра со чувствата на луѓето“, се вели во реакцијата на партијата на власт.

Понатаму се додава: „Кога станува збор за медиумите, СДСМ лицемерно ги извртува фактите и преку сечени, лепени, прилепувани и монтирани материјали ставани во погрешен контекст, јалово се обидува да изгради манипулативна слика со цел да ја продаде како апсолутна вистина. Единствената работа врз која СДСМ се потпира се монтирани и сечени разговори, кои не можат да го избришат срамното делувањето на СДСМ, нивните афери и десетиците скандали поврзани со медиумите.