31 Октомври, 2024
0.0128

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шилегов и нанесуваат поголема штета на Македонија со нивните изјави

Објавено во: 20 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Од партијата на ВМРО-ДПМНЕ реагираат на изјавата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов која ја даде на денешната прес конференција.

-Повлекувањето на еден кандидат од позиција, за која самостојно се пријавил, се борел да ја добие, по што бил селектиран и предложен, нема ништо со надворешните или внатрешните политики на Република Македонија.

Таа позиција многу наскоро ќе биде пополнета и Македонија нема никаква штета од тоа. Очигледен е обидот на Зоран Заев и Петре Шилегов преку вакви и слични изјави да ја маскираат штетата која тие и ја прават на Република Македонија преку нивниот неодговорен однос и услугите кои им ги пружаат на тие кои го блокираат членството во НАТО.

Ниеден главен град во ЕУ не е загрижен од нешто друго, колку што е загрижен од неразумноста на два-тројца неодговорни кои се подготвени на се, за да останат на водечки позиции во СДСМ, дури и по цена да го држат во заложништво сопствениот народ и сопствената држава“, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.