Во Русија странски медиуми ќе се третираат како странски агенти?
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2017
Рускиот претседател, Владимир Путин потпиша закон со кој се овластува Владата да ги назначи медиумските куќи кои добиваат средства од странство како „странски агенти“.
Путин потпиша закон со кој се овластува Владата да ги назначи медиумските куќи кои добиваат средства од странство како „странски агенти" и да воведат санкции против нив. Новиот закон беше објавен на интернет - порталот за официјални правни информации на Русија на 25 ноември.
Мерката беше едногласно усвоена во долниот и горниот дом на парламентот на 15 и 22 ноември. Неколку часа откако предлог-законот го усвои државната Дума, Министерството за правда испрати предупредување до неколку сервиси на Радио Слободна Европа.
Во писмата не е наведено со какви потенцијални ограничувања можат да се соочат, но законодавците велат дека наведените медиуми можат да бидат подложени на детални барања за финансиско известување и да мора да ги обележат објавените материјали дека доаѓаат од странски агенти.